Премини на содржината ↓

Финансиски извештаи

 

2020-2021 

Селекциската година за генерацијата 2021-2023 траеше од август 2020 до јули 2021 година.
За потребите на оваа селекциска година, UWC Macedonia оствари доход преку донации од 857,196 македонски денари (15,603 американски долари), сума во најголем дел остварена преку донации за време на промотивната кампања и донации од родители на UWC ученици.

Донациите беа искористени за оперативни трошоци, вклучувајќи организација на селекцискиот процес, промоција, како и дополнување на 7 делумни стипендии.
За промоција на селекцискиот процес, UWC Macedonia издвои 30,765 македонски денари (560 американски долари) за време на селекциската година.

За дополнување на нецелосни стипендии за ученици од генерацијата 2019-2021, UWC Macedonia издвои 270,732 македонски денари (4,928 американски долари) за една академска година (2020-2021).

За дополнување на нецелосни стипендии за ученици од генерацијата 2020-2022, UWC Macedonia издвои 197,665 македонски денари (3,598 американски долари) за една академска година (2021-2022).

За дополнување на нецелосни стипендии за ученици од генерацијата 2021-2023, UWC Macedonia издвои 492,143 македонски денари (8,958 американски долари) за една академска година (2021-2022).

Останатите средства беа издвоени за трансакциски трошоци

2019-2020 

Селекциската година за генерацијата 2020-2022 траеше од август 2019 до јули 2020.

Во овој период, UWC Macedonia оствари доход преку корпорациски и мали донации од 533,380 македонски денари (10,135 САД долари), сума во најголем дел остварена преку донација од приватен донор.

Донациите беа искористени за организиција на селекцискиот процес, за промотивни цели, како и за дополнување на три делумни стипендии.

За промоција, UWC Macedonia издвои 21,707 македонски денари (412 САД долари). За организација на вториот круг од селецкискиот процес, UWC Macedonia издвои 66,420 македонски денари (1,262 САД долари). 

За едната стипендија, UWC Macedonia издвои 179,133 македонски денари (3,403 САД долари), за една академскa годинa. 

За другата стипенија, UWC Macedonia издвои 243,922 македонски денари (4,635 САД долари), за една академска година. 

За последната стипендија, UWC Macedonia издвои 19,000 македонски денари (361 САД долари), за една академска година. 

Останатите средства беа издвоени за трансакциски трошоци.

2018-2019 

Селекциската година за генерацијата 2019-2021 траеше од август 2018 до јули 2019.

Во овој период, UWC Macedonia оствари доход преку корпорациски и мали донации од 10.250 американски долари, сума во најголем дел остварена преку единечна донација од приватен донор.

Донациите беа во целост искористени за дополнување на две делумни стипендии со цел да се овозможи на уште двајца кандидати да заминат на школување на колеџите. Благодарение на овие пари, Македонскиот национален комитет успешно номинираше 8 (осум) наместо 6 (шест) кандидати за генерацијата 2019-2021 на Светските Обединети Колеџи.

За едната стипендија, UWC Macedonia издвои 2,805 американски долари (вкупно за двете академски години).

За другата стипендија, UWC Macedonia издвои 7,247 американски долари (вкупно за двете академски години).

За трансакциски трошоци беа потрошени останатите 198 американски долари.