Премини на содржината ↓

Што е СОК?

СОК (Светски Обединети Колеџи) е глобално образовно движење кое го користи образованието како сила за обединување на луѓето, нациите и културите за мир и одржлива иднина.     

You have not allowed cookies and this content may contain cookies.

If you would like to view this content please

Централно на етосот на СОК е верувањето дека образованието може да спои млади луѓе од сите средини врз основа на нивното заедничко човештво, и да ги вклучи кон можност за општествени промени преку храбра акција, личен пример и несебично лидерство. За да се постигне ова, училиштата и колеџите СОК ширум светот и нудат предизвикувачки и транформативни образовни искуства за разновидна група на млади чуѓе, инспирирајќи ги да станат агенти на поситивни промени во согласност со основните вредности на СОК:

  • Интернационално и меѓукултурно разбирање
  • Негување на разликите
  • Лична одговорност и интегритет
  • Взаемна одговорност и почит
  • Сочувство и служба
  • Почитување на животната средина
  • Чувство на идеализам
  • Личен предизвик
  • Акција и личен пример

Денес, СОК има 17 училишта и колеџи на 4 континенти, од кои поголемиот дел се фокусира исклучиво на групата од 16-19 години: време кога енергијата и идеализмот на младите можат да се насочат кон емпатијата, одговорноста и доживотното дејствување. Овие колеџи ја ја следат наставната програма на меѓународната диплома International Baccalaureate (IB), во која СОК одигра голема улога за нејзиниот развој, истовремено истакнувајќи ја важноста на практично  учење, служба во заедницата и активности на отворено.

Улениците на СОК се избираат во својата земја, во повеќе од 155 земји, преку уникатниот систем на национални комитети. Изборот се заснова на докажано ветување и потенцијал. Во согласност со етосот на СОК, образованието треба да биде независно од социоекономските средства на ученикот, 70% од учениците за време на изучување на IB дипломата добиваат целосна или делумна финансиска помош, врз основа на нивните потреби.

СОК, исто така, работи и со пократки образовни програми – спроведени на кампусите на своите 17 училишта и колеџи и пошироко – зголемувајќи го бројот на луѓе кои можат да имаат пристап до образовните искуства на СОК.

СОК поттикнува доживотна посветеност кон општествената одговорност и, до сега, има инспирирано светска мрежа од повеќе од 60.000 дипломци, кои веруваат дека е можно да се превземе акција и да се направи разлика на локално, национално и меѓународно ниво.