Премини на содржината ↓

Заедница на пријатели

Заедницата е наменета за сите пријатели на UWC движењето, без оглед дали се школувале на UWC колеџ или не. Ова значи дека Заедницата е отворена за актуелни ученици на UWC, алумни на UWC колеџите или кратките курсеви, родители и пријатели на актуелни ученици или алумни, но и за сите оние кои се заинтересирани да го промовираат движењето UWC и неговите вредности во Македонија и пошироко. 

Целите на Заедницата на пријатели на UWC во Македонија се:

Зголемување на видливоста на движењето UWC во Македонија 

Разновидното членство на Заедницата значи дека секој член би можел да игра значајна улога во претставувањето на UWC ширум Македонија. Членовите можат да споделуваат информации за UWC со своите соученици, колеги, роднини и пријатели, кои потоа би ги проследувале истите до потенцијални апликанти: ученици во втора и трета година средно образование. Македонскиот национален комитет може да обезбеди промотивни материјали и резиме на најважните информации кои треба да ги знаат потенцијалните апликанти.

Пружање логистичка и финансиска поддршка на Македонскиот национален комитет 

Членовите на Заедницата можат да го поддржуваат Македонскиот национален комитет преку директна вклученост, споделување контакти и финансиски придонес. Некои од активностите со кои членовите на Заедницата би можеле да го поддржат Македонскиот национален комитет вклучуваат: сметководствени или правни услуги; помош со планирање јавни настани; академско или професионално советување за UWC ученици и алумни; донации за стипендии и оперативни трошоци (пр. трошоци за онлајн-маркетинг, изнајмување простории за селекцискиот процес, ориентациски кампови за новоизбраните ученици, сметководствени трошоци).

Унапредување на односите (професионални и приватни) помеѓу пријателите на UWC во и/или од Македонија 

Заедницата ќе брои членови кои се ученици на UWC колеџите, студенти, млади луѓе во рана или напредна фаза од своите кариери, родители итн. Преку настаните кои ќе ги организира Заедницата, членовите од различни генерации ќе имаат можност да се запознаат и/или да ги надоградат меѓусебните познанства. Некои од планираните настани вклучуваат средби за професионално вмрежување, квиз-вечери и панел-дискусии со алумни. Заедницата силно охрабрува и неформални дружења помеѓу членовите.

 

За да станете член на Заедницата на пријатели на UWC во Македонија, потребно е да одберете една од следниве три категории на членство: Ајвар, Домашен ајвар и Домашен ајвар со сирење. Секоја категорија на членство содржи одредени бенефити.

 

1. Ајвар  

Членовите во оваа категорија ќе добиваат:

  • Месечник со новости за движењето UWC и селекцискиот процес
  • Покани за онлајн-дружења со македонски алумни и други настани (панел-дискусии со алумни, квиз-вечери, средби за професионално вмрежување).

Членарината за оваа категорија на членство е 600 денари / 10 евра / 12 долари годишно.

2. Домашен ајвар 

Членовите во оваа категорија ќе добиваат:

  • Thank you картичка од Македонскиот национален комитет
  • Месечник со новости за движењето UWC и селекцискиот процес
  • Покани за онлајн-дружења со македонски алумни и други настани (панел-дискусии со алумни, квиз-вечери, средби за професионално вмрежување).

Членарината за оваа категорија на членство е 1200 денари / 20 евра / 24 долари годишно. Истата може да се плати и квартално – 5 евра / 6 долари на секои три месеци.

3. Домашен ајвар со сирење 

Членовите во оваа категорија ќе добиваат:

  • Писмо од ученик на UWC од Македонија
  • Thank you картичка од Македонскиот национален комитет
  • Месечник со новости за движењето UWC и селекцискиот процес
  • Покани за онлајн-дружења со македонски алумни и други настани (панел-дискусии со алумни, квиз-вечери, средби за професионално вмрежување).

Членарината за оваа категорија на членство е 2400 денари / 40 евра / 48 долари годишно. Истата може да се плати и квартално – 10 евра / 12 долари на секои три месеци.
 

 

Како може да се плати членарината?

Годишна уплата 

За годишна уплата, одберете една од следниве три опции:

Следете ги соодветните инструкции за категоријата што ќе ја одберете. Не заборавајте да го наведете вашето име и да додадете белешка „Донација за Заедницата на пријатели на UWC во Македонија“ (или „Donation for Macedonian UWC Community Association“ доколку уплатата ја вршите преку Меѓународната Канцеларија на UWC или од Соединетите Американски Држави). За да внесете сума различна од наведените при плаќање преку Меѓународната Канцеларија на UWC или од Соединетите Американски Држави, користете ја опцијата „Other“.

Валутата при уплата преку Меѓународната Канцеларија на UWC е евро додека пак од Соединетите Американски Држави е долар.

Откако ќе ја извршите уплатата, Ве замолуваме да го пополните следниов Гугл-формулар. Не заборавајте да ја наведете Вашата адреса доколку сте одбрале категорија на членство за која следува thank you картичка или писмо од ученик на UWC од Македонија.

Квартална уплата 

За квартална уплата (на секои три месеци), одберете една од следниве две опции:

Следете ги соодветните инструкции за категоријата што ќе ја одберете. Не заборавајте да го наведете вашето име и да додадете белешка „Donation for Macedonian UWC Community Association“. За да внесете сума различна од наведените при плаќање преку Меѓународната Канцеларија на UWC или од Соединетите Американски Држави, користете ја опцијата „Other“.

Валутата при уплата преку Меѓународната Канцеларија на UWC е евро додека пак од Соединетите Американски Држави е долар.

Откако ќе ја извршите уплатата, Ве замолуваме да го пополните следниов Гугл-формулар. Не заборавајте да ја наведете Вашата адреса за да ги добиете thank you картичката и писмото од ученик на UWC ученик од Македонија.