Премини на содржината ↓

Финансиски извештаи

2018-2019

Селекциската година за генерацијата 2019-2021 траеше од август 2018 до јули 2019.

Во овој период, UWC Macedonia оствари доход преку корпорациски и мали донации од 10.250 американски долари, сума во најголем дел остварена преку единечна донација од приватен донор.

Донациите беа во целост искористени за дополнување на две делумни стипендии со цел да се овозможи на уште двајца кандидати да заминат на школување на колеџите. Благодарение на овие пари, Македонскиот национален комитет успешно номинираше 8 (осум) наместо 6 (шест) кандидати за генерацијата 2019-2021 на Светските Обединети Колеџи.

За едната стипендија, UWC Macedonia издвои 2.805 американски долари (вкупно за двете академски години).

За другата стипенија, UWC Macedonia издвои 7.247 американски долари (вкупно за двете академски години).

За трансакциски трошоци беа потрошени останатите 198 американски долари.