Премини на содржината ↓

Што правиме

Вовед

Македонскиот национален комитет е составен исклучиво од ученици од Македонија на еден од колеџите, кои волонтерски го водат селекцискиот процес за идни македонски ученици на СОК. Ние ги составуваме и евалуираме апликациите, ги организираме и спроведуваме интерјувата и сме единствениот канал за комуникација помеѓу апликантите од Македонија и колеџите. Македонскиот Национален Комитет е реконструиран во 2010 согласно вредностите на движењето СОК. Комитетот се обврзува на фер и транспарентен изборен процес на учениците, како и застапување на вредностите на СОК на територијата на Република Македонија.

Критериуми за членство во Македонскиот националниот комитет за Светските обединети колеџи

Постојат два вида на членство во Македонскиот национален комитет, активно и пасивно. Активен член е секој кој активно учествува во активностите на Националниот комитет во текот на годишниот селекциски процес почнувајќи во Август и завршувајќи следното лето. Пасивните членови не се должни, но се добредојдени да учествуваат во промотивните активности и во акциите за собирање донации. Пасивните членови не можат да учествуваат во формалниот селекциски процес.

Членството е отворено за сите алумни на UWC, вклучувајќи ученици кои посетувале колеџи и кратки курсеви, како и сегашни и поранешни вработени на колеџите и во канцелариите на UWC. Алумните треба да бидат државјани на Северна Македонија или да имаат значајна сегашна или мината поврзаност со државата.

Главниот критериум за станување член на Националниот комитет е најмалку 2 години континуирана вклученост во UWC движењето. Примери за таква вклученост се:

  • Учење на колеџ 2 години
  • Работни активности на UWC колеџ или во UWC канцеларија
  • Активно учество во активности поврзани со UWC и Националниот комитет од најмалку 2 години, вклучувајќи
    • Учество и фацилитирање на кратки курсеви
    • Организирање и учество на месечни активности (пр. Ден на UWC, собири, итн.)*
    • Промотивни активности за време на селекцискиот процес (пр. Презентации во училишта)
    • Донациски кампањи и активности

Покрај ова, сите членови на Националниот комитет во моментот на зачленување мора да имаат барем 18 години.

По навршувањето на двегодишниот период на вклученост во UWC движењето, алумните можат да го известат Националниот комитет за нивната намера да се вклучат во Националниот комитет така што ќе објаснат како го исполниле горенаведениот критериум. По автоматизам, алумните (по навршувањето на двегодишниот период), стануваат пасивни членови.

На почетокот на секој селекциски процес, повик за активни членови за претстојниот селекциски процес ќе биде испратен до сите пасивни членови. Зависно од бројот на заинтересирани и потребниот број на членови, селекцијата ќе биде направена од страна на активните членови од претходниот селекциски процес.

*Само учество на собирите и активности за денот на UWC без континуиран придонес кон промотивните и донаторските активности, како и селекцискиот процес, не е доволно за членство во Националниот комитет.