Премини на содржината ↓

Воншколски активности

 

Увереност во трудот, скромност при успесите, милост при поразите, праведност при лутината, јасно расудување дури и при горчината на ранетата гордост, и подготвеност за опслужување на општеството во секое време

Курт Хан, основач на СОК 

‘CAS - Creativity, Activity, Service’ (Креативност, Активност, Опслужување) програмата отсекогаш претставувала основен и нераздвоен дел од СОК образованието. Со помош на неа, ученици од сите возрасти се поттикнати да напредуваат надвор од училницата исто колку и во неа, преку учество во многубројни креативни, физички, и општествени ангажмани и активности.

Секој поединечен Светски Обединет Колеџ нуди голем избор на CAS активности, без разлика дали истите се предводени под иницијатива на училиштето или се создадени врз основа на амбициите и идеите на самите ученици.

Креативност 

Уметности и искуства кои вклучуваат креативно размислување и извршување. Меѓу најчестите примери се: театар, музика, историја на уметност, културни екскурзии, и танцување.

Активност

Физичка активност и физички предизвици. Помеѓу ваквите активности се вбројуваат планинарењето, кајакараството, групното трчање, кошарката, „ориентирингот“, но секако достапни се и многу други.

Опслужување на општеството

Неплатена и волонтерска размена која носи огромни образовни придобовки како за ученикот така и за локалната заедница околу училиштето.

Ваквите активности варираат во голем број, но некои издвоени примери од нашите колеџи и училишта вклучуваат: поддржување на локалната градинка, изведување активности во сместувалишта за бегалци, практикување на спорт и креативни активности заедно со лица со посебни потреби, дисеминација на науката за деца и возрасни, часови по англиски јазик за жители од заедницата, работење на органска фарма, нудење на мултикултурни искуства на најмладите ученици од околните училишта...

CAS програмата е доказ дека СОК образованието не се состои само од низа академски предизвици, туку дека тоа претставува начин на живот, имено развивање на совест и сочувство за останатите. CAS програмата им дозволува на учениците контекстуално да го применат знаењето стекнато во училницата. Со поставувањето на CAS програмата при сржта на СОК искуството, учениците ги развиваат своите комуникациски вештини преку практично стекнување на знаење, започнуваат симболично патување на самооткривање при надминувањето на лични предизвици, и успеваат да ги балансираат академските притисоци.

Денес, CAS програмата претставува еден од трите елементи чие исполнување е неопходно со цел ученикот да се стекне со Меѓународната Диплома (IB - International Baccalaureate Diploma), која е официјалната акредитација при последните две години на секое од СОК училиштата. Додека останатите IB училишта бараат исполнување само на минималните критериуми, СОК превземаат водство во оваа област, бидејќи нашите училишта изведуваат повеќе CAS активности во еден семестар отколку останатите за текот на цела учебна година, со што значителен број на СОК ученици ја сметаат ова програма за нивното најнеопходно искуство на колеџите.