Старателска грижа
UWC има силна посветеност на благосостојбата, развојот и поддршката на нашите студенти - индивидуално и колективно - и ја препознава виталната улога што старателската грижа ја има во заедниците на UWC. Спојувањето на студенти од целиот свет е дел од нашата посветеност за поддршка на разновидност - ние ги поддржиме нашите студенти додека тие се соочуваат со предизвици, вклучувајќи адаптација надвор од нивните домашни средини, стекнување на јазик, ригорозна академска програма и многу повеќе.
Секој UWC колеџ или училиште има екипа на самото место која се грижи за благосостојбата на ученикот. Овие улоги вклучуваат, но не се ограничени на: родители-домаќини, академски советници, мрежи за поддршка со врсници, медицински сестри и советници, декани, специјалисти за здравје и благосостојба, раководители на живеалишта, психолози и психотерапевти, како и пристап до здравствена заштита, на кампусот и во локалното место.
Исто така, важно е и за учениците да одвојат време за да рњзмислат за нивната улога во рамките на нивното училиште или заедницата во која се наоѓаат. Ова вклучува активно размислување за тоа како тие комуницираат со другите и превземање одговорност за изградба на среќна и респектна заедница. Кампусите на UWC се водени од едноставен принцип: почит кон другите, и ако учениците се среќни, сигурни и безбедни, тогаш тие се во позиција да успеат во нашите училници и нашите заедници.
На кампусот, старателскиот персонал редовно се состанува за да се осигура дека сите работат на создавање на здрава заедница за живеење, учење и заедничко работење. Студентите исто така добиваат обука за време на нивната почетна ориентација, со посебен акцент на улогата на разновидност и културна чувствителност. Во текот на учебната година, учениците имаат редовни состаноци на кампусот и пошироко за да ги промовираат вредностите на UWC како заедница.
Исто така, UWC обезбедува форуми како можности за професионален развој, отскочна соработка и поддршка за персоналот вклучен во старателската грижа во сите училишта на UWC, со цел за за доброто на учениците на нашите кампуси.