Премини на содржината ↓

Оливер Васевски

24 August 2021

UWC Краток курс, 2016

Оливер доаѓа од Македонска Каменица, но се чувствува како дома и во Скопје. Во 2016 година заврши Меѓународна матура во СУГС „Јосип Броз Тито“, по што своето образование го продолжи на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, каде студира компјутерско хардверско инженерство и електроника. Покрај инженерството и природните науки, Оливер е заинтересиран и за социјалните науки, општеството, човекот, знаењето и уметноста. Па така, често ќе го забележите активен на разни фронтови: од учество во јавни дискурси на различни теми и волонтирање на проекти за поддршка на маргинализирани заедници, до критикување уметнички дела и страсно следење ракометни мечеви.

UWC патешествието на Оливер започна во 2016-та година, со трансформативното искуство од краткиот курс „Градење на одржлива иднина“, на Роберт Бош колеџот во Германија. Од тогаш, Оливер е дел од UWC движењето на формален, неформален и секаков друг можен начин: учествува во организација на кратки курсеви, придонесува со промоција на UWC во Македонија, членува во националниот комитет и слично.

Паралелно, Оливер работи и на „Rohignya Eskul“ проектот - интернационална, едукативно-технолошка иницијатива за поддршка на Рохингите и нивната култура, јазик и пристап до образование. Во овој проект, Оливер е дел од тимот за развој на веб и апликација, како и на креирање образовни ресурси за Рохингите и останатите заинтересирани.

Сепак, и покрај сè, Оливер наоѓа време (и многу го вреднува истото) и за социјална размена и ужива во негување на веќе постоечките врски, запознавање нови луѓе, и водење суштински разговори на различни теми.