Премини на содржината ↓

Олга Арсовска

21 January 2021

UWC на Јадранот, 2001-2003

Олга Арсовска е нашата алумна од колеџот во Италија во 2003-та година, избрана од Емилија Ставридис и нејзиниот тим во времето кога селекцијата во државата уште беше предводена од Министерството за Образование. Во период на нестабилност околу конфликтот во Косово, Олга, оптимистична и позитивна тинејџерка, доби шанса да види како перфектниот свет би можел да изгледа. Со првичната идеја да ги комбинира нејзините интереси во уметност и биологија, Олга ја заврши IB програмата и околностите ја доведоа да ги истражува природните убавини на Ванкувер, Канада, во момент кога проектот за човечкиот геном беше од голема важност за државата. Во вистински македонски дух, посветеноста и лојалноста на Олга ѝ овозможија да пушти корени во новото место, каде продолжува да истражува начини да ја поврзе својата позадина со импактот кој го прави во светот по UWC. 

Страста за здравството ѝ се разви бидејќи вреднуваше искрен, транспарентен и отворен пристап. Силната позадина во полето, со магистерски студии во Лидерство во Здравство и додипломски студии во Молекуларна биологија (со секундарен фокус на клиничко истражување и менаџмент на проекти) ја спреми Олга за работно искуство во спектар на аспекти на клиничко истражување. Олга има менаџирано академски клинички експерименти, вклучувајќи во полето на нови лекови, помагала, и човечко однесување, инволвирајќи разновидни групи на пациенти во академски и болнички контексти. Олга верува во мултидисциплинарен пристап и позитивен импакт, и е посветен волонтер во неколку локални и глобални истражувачки иницијативи. Во слободното време, Олга ужива да учи за природата, како и за богатите светски култури и традиции кои се претставени во нејзиното семејство и групата на пријатели. Исто така, таа дизајнира и изработува уметност (најчесто накит) за хуманитарни цели.

Советот за средношколци ѝ е да останат поврзани, постојано да ги истражуваат своите страсти, и да запомнат -- или да бараат да бидат потсетени -- дека иако перфектниот свет не е вистински, сите имаме одговорност да стремиме кон подобрата верзија :) И, не се сфаќајте пресериозно (и самата дефинитивно работи на ова)! 

Секогаш е отворена за муабет -- мејлот ѝ е ole.arsovska@gmail.com

2003