Премини на содржината ↓

Александар Шарковски

5 August 2025

го живее животот до максимум

Разговарајќи со Александар, брзо добивате чувство дека е некој што го извлекува максимумот од секоја прилика што ќе му се пружи. Кога го замолив да се опише себе си, не му требаа многу зборови - трпелив, љубопитен, полн со почит - лесно сфаќате дека овие зборови се добар опис за него кога ќе видите дека тој живее според нив.

Александар пораснал во Скопје и ги поминал првите две години од средно училиште во Орце Николов пред да одлучи дека е подготвен за нешто повеќе - нешто што ќе го потурне подалеку и надвор од границите на градот кој толку многу го сака. Тоа нешто се покажа е UWC на Јадранот во Италија. Дознал за UWC преку пријател и сфатил дека вредностите што ги нуди оваа образовна институија се тесно усогласени и со неговите лични вредности и принципи.

„Секогаш си поставувам нови предизвици сам на себе“, вели тој и го мисли тоа. Можете да го видите тоа во начинот на кој зборува за излегувањето од својата зона на удобност: „Животот е краток и не гледам поента да го поминам во мојата удобна зона. Сакам да запознавам нови луѓе, да посетам нови места.“

Во декември 2022 година, Александар се приклучил на програмата за мобилна размена Еразмус во Полска, каде што открил колку само преобразува да се живее и учи заедно со луѓе од цела Европа.

Пред да замине за UWC, Александар ќе го помине ова лето уживајќи во она што е тука и сега пред да се впушти во она што е следно. Знаејќи дека UWC на Адриатикот е познат по тоа што има безброј велосипедски патеки - Тој го позајмил велосипедот од својот братучед и си поставил за цел да го прошета и искуси Скопје на две тркала, со слушалки на ушите, нозете на педалите и очите широко отворени. Дури има и список на желби - триесет работи што треба да ги направи ова лето, пред да замине. А една од нив е „Во рок од 24 часа да ги посети и помине време во секоја Скопска населба“ (мене ова ми звучи како предизвик!) и веќе има Google документ во кој ги набројува универзитетите каде што сака да го продолжи своето образование по матурирање на UWC. „Мојот братучед ме инспирираше да го направам ова“ вели тој, ми рече :направи го сега ова, ќе уживаш подоцна“.

Ако го прашате да ви раскаже за места што ги посетил и му оставиле посебен впечаток,   во тој случај Александар нема да ви зборува за облакодери - иако еднаш стоел меѓу блескавите стаклени гиганти на Дубаи за дипломирањето на неговиот брат во Абу Даби. „Облакодерите се убави“ крева раменици, „но само за минута. Подобро би ми било покрај море“. Негово среќно место? Грчкото крајбрежје - солен морски воздух, отворено небо, бескраен хоризонт. Авантуристички е еден начин да се опише, но немирната љубопитност можеби подобро му одговара. На Адриатик тој сака да проба планински велосипедизам, кајакарење, планинарење и секако да ужива во плажите на медитеранскиот брег. „Сакам да го направам сето тоа“, се смее, целосно свесен дека нема да има доволно часови во денот за секој негов план.

На UWC, тој планира да студира економија и глобална политика на високо ниво, плус математичка анализа и интерпретација. Тој е добро ги пресметал своите одлуки, иако откако избрал курс по математика на повисоко ниво, анализа и интерпретации, поминува дел од своето време преиспитувајќи ја наставната програма по математика и пополнувајќи ги празнините во знаењето. Тој е отворен, иако освен математиката - неговата љубопитност одбива да застане - па италијанскиот, биологијата и Македонската литература исто така ќе патуваат со него.

Кога размислува за тоа што ќе му недостига, тоа е мешавина од слатки мали уживања и големи љубови: бурекот од пекарницата Силбо, полнет со пилешко филе; звукот на „Ова е наше Скопје“ од Владо Јаневски што му одекнува низ слушалките; топлата болка од песните на Тоше Проески што звучат како дом. И секако, неговото семејство - и неговата соба, неговото гнездо кое ќе биде заменето со нешто поголемо и помалку предвидливо.

Пред да го завршиме разговорот, Александар ги сврте прашањата кон мене. „За што жалиш што не си направила за време на твоето школување во UWC?“ ме праша тој. Тоа е типично прашање во стил на Александар. А тој веќе размислува да го живее животот без каење, со подготвен список на желби за остварување, отворен пат пред него што води кон нови знаења, авантури, себеспознавање.
 

Нела Честојанова, јули 2025