Премини на содржината ↓

Георгина Петреска

5 August 2023

UWC на Пеарсон во Канада, 2021-2023

Најнеомиленото нешто на Георгина се радикални ставови, а нејзиниот прв инстинкт во секој èразговор е да најде аргумент против. Можеби затоа што најголем дел од своето време во Скопје го поминуваше дебатирајќи во Младинскиот Образовен Форум - МОФ (секако, кога не пишуваше поезија или немаше некој покул настан во МКЦ). Сепак, кога се соочи со понудата да ја започне авантурата наречена UWC Pearson College за неа постоеше само еден точен одговор. Ова искуство таа го опишува како ништо помалку од трансформативно. Сè уште не знае дали поголем успешно надминат предизвик беше курсот по Математика на високо ниво или нејзиното прво кампување на напуштен остров после 6 часа веслање. Во сите овие подвизи клучни за неа клучни биле пријателите и луѓето што ги запознала. Покрај новите врски таа го открила и својот интерес за економија. Следствено на тоа, следната авантура на Георгина е токму студирање економија на Универзитетот во Чикаго. А, освен за концептот на diminishing marginal returns, таа ужива да дискутира за философијата на Ниче, книгите на Милан Кундера или за тоа кој е најдобриот албум на The Doors или Depeche Mode.