Премини на содржината ↓

Донации

СОК движењето е посветено да обезбеди шанса за што е можно повеќе ученици да искусат СОК образование без разлика на националната, социоекономската, културната, расната или религиозната позадина. СОК го постигнува ова преку избор врз основа на потенцијал и заслуги и преку понудата на стипендии. За да ја продолжи оваа работа, СОК се потпира на донации од поранешни ученици и заинтересирани индивидуалци, фондови, фондации, компании и влади. 

Донација кон СОК Македонија ќе помогне да се обезбедат образовни можности за младите во Македонија. Вашата донација би се искористила на еден од три начини: финансирање стипендија, помош со плаќање на ученички трошоци, или финансирање на логистички операции. 

Стипендии - СОК движењето нуди стипендии на Националните комитети секоја година, но тие се некогаш нецелосни. Со директна донација кон македонскиот Национален комитет, можете да помогнете во финансирањето на дополнителни СОК стипендии и да обезбедите повеќе можности за СОК ученици од Македонија. 

Додатни трошоци - Стипендиите обезбедени од самите колеџи ги опфаќаат школарината, престојот и храната, но често постојат и други трошоци поврзани со присуство на СОК. Трошоците за визи, меѓународни летови и воншколски активности се од витално значење за образовното патешествие на учениците, но се обично недостапни за оние кои имаат најголема потреба. Вашата донација би помогнала да се осигуриме дека успешно ќе ги допреме и ќе им обезбедиме можности на учениците и од најсиромашните делови на општеството. 

Оперативни трошоци на Националниот комитет - СОК Македонија е раководено од посветени доброволци кои не добиваат плата за нивната работа. Сепак, на на Националниот комитет му се потребни средства за трошоци како: промовирање на СОК движењето во медиумите, допирање до ранливи заедници кои инаку не би чуле за можностите кои СОК ги нуди, и наоѓање локација за спроведување на интервјуата.

Можете да донирате директно до СОК Македонија преку Меѓународната канцеларија на СОК, и средствата ќе бидат префрлени на Националниот комитет. Можете да донирате на копчето подолу: 

ДОНИРАЈТЕ

Инструкции за донирање преку Меѓународната Канцеларија на СОК:

  • На страната за донации, изберете помеѓу “месечна“ или “единечна“ донација 
  • Изберете ја сумата која би сакале да ја донирате
  • Кликнете ‘Donate to National Committee’ (“Донирај на Национален комитет“)
  • Изберете UWC Macedonia (СОК Македонија) од листата опции
  • Внесете ги вашите лични податоци
  • Изберете го начинот на плаќање

Ви благодариме за помошта!