Премини на содржината ↓

Матеја Дамчевски

1 July 2020

СОК Тајланд, 2020-2022

Јас сум Матеја Дамчевски, поранешен средношколец во СУГС „Георги Димитров“ во Скопје.
Професионално спортувам пливање веќе 13 години. Член сум на Пливачкиот клуб
„Скопје“ и репрезентативец на Македонија. Имам освоени бројни медали и пехари во
разни пливачки дисциплини на државни и меѓународни натпревари, како и на клупски
турнири.


Сакам да патувам, да откривам нови култури, традиции и обичаи, ме интересира
историјата на различни земји, а со посебно задоволство ги посетувам знаменитостите и
музеите бидејќи имам голема страст кон уметноста. Можноста да бидам дел од UWC
движењето, сосема се совпаѓа моите вредности и идеали. Со заминувањето на UWC во
Тајланд, ми се остварува желбата да го искусам животот во една сосема различна земја
од нашата, како и да се стекнам со знаења од областа на економијата, бизнисот,
технологијата и дизајнот, полиња за кои имам посебен интерес. Исто така, имам желба
да се вклучам во бројните воншколски активности што ги нуди колеџот како нуркање,
едрење, кајакарење, планинарење... особено затоа што сум постојано физички активен
и отворен за нови искуства од овој тип.


Очекувам сево ова да биде неповторливо доживување, а воедно и можност што ќе ми ги
отвори вратите кон квалитетно обрзование во иднина. Мотото „Good Heart, Balanced
Mind, Healthy Body“ на колеџот на Пукет е и мое лично мото во кое најмногу се
пронаоѓам, не само како ученик туку и како спортист, пливач и личност.

Tagged 2022 Thailand