Премини на содржината ↓

Марко Инѓилизов

16 June 2021

UWC на Источна Африка, 2021-2023

Топол поздрав, пријатели! Моето име е Марко, се презивам Инѓилизов и имам 17 години. Штотуку ја завршив мојата трета година во велешката гимназија и во моментов се подготвувам за мојот предизвик наречен UWC East Africa.

Уживам во дебатирање (на било која тема), читање книги (би ги издвоил: Ден Браун/Агата Кристи/Кафка) и слушање музика (џез). Ја обожувам историјата со посебен акцент на антиката, а посебно ме привлекува египтологијата. Врз мене големо влијание има Спиноза, а не ги одбегнувам и современите филозофи во комбинација со старите добри умови. Правото е неоткинлив дел од мене и мое идно секојдневие. Во слободно време можете да ме забележите како трчам, возам велосипед или вежбам, а често ќе ме сретнете и со моите пријатели на неформална дружба во природа.

Доволно авантуристички и истовремено предизвикувачки, во следните две години го гледам најубавиот период во мојот живот.

2023  EA