Премини на содржината ↓

Георгина Петреска

29 June 2021

Пирсон UWC на Пацификот, 2021-2023 

Здраво на сите! Јас сум Георгина Петреска, имам 17 години и сум трета година во СУГС,,Јосип Броз-Тито''. А сега и горд иден ученик на UWC Pearson College на Пацификот. Имам мошне широк опсег на интереси: од креативно пишување во секаков формат (најмногу поезија, кратки приказни, есеи), дебатирање како член на дебатниот клуб во МОФ, до волонтирање во некоја од локалните невладини организации. Често можете да ме најдете задлабочена во своите мисли, а уште почесто како слушам музика додека со чекори го мерам Скопје. Најголема инспирација ми претставува секаков вид уметност. Сепак, поседувам и особен афинитет кон науката, анализирањето и артикулираното говорење. Следствено на ова според моето мото, во зборовите на генијалниот Леонардо да Винчи: ,,Да се научи да се гледа е да се разбере дека сé е поврзано со сé останато.'' Од сé срце се радувам на шансата да продолжам да се надоградувам, да учам и да создавам како дел од UWC движењето!