Премини на содржината ↓

Ана-Марија Јовановска

29 June 2021

UWC Ли По Чун, 2021-2023

Здраво !

Јас се викам Ана-Марија Јовановска. Последните две години ги поминав учејќи во гимназијата
Јосип Броз Тито. Но, следните две години ќе ги поминам учејќи во UWC Ли По Чун.
Обожавам читање, пишување, танцување, музика и уметноста генерално. Од друга
страна, активизмот е голем дел од мојот живот секогаш сум подготвена за добра дебата и
психологијата ме фасцинира.

Јас сум доста љубопитна и, поради тоа, новите предизвици ми се многу добредојдени.
Откривањето нови работи и запознавањето нови луѓе се работи кон коишто се стремам. Затоа
едвај чекам да стигнам на кампус и вистински да го започнам ова UWC патување !

LPC  2023