Премини на содржината ↓

Стефан Петревски

22 September 2020

Пирсон UWC на Пацификот, 2015-2017

Стефан e моментално студент на универзитетот во Оксфорд, каде се фокусира на чиста и применета математика. Понатамошните академски страсти му лежат во областите на математичката биологија и квантитативните финансии. Во своето слободно време, тој обожава да свири електрична гитара или да игра маалска кошарка, да слуша квалитетен блуз и да патува низ светот кај поранешни соученици од UWC Пирсон. Сепак, секаде го следи блага носталгија за дома, па долгите распусти претежно ги поминува во скопски амбиент со најблиските.