Премини на содржината ↓

Миле Крстев

2 April 2021

UWC на Атлантикот, 2012-2014

Миле студира на Кралскиот институт за технологија КТХ во Стокхолм, кадешто е на магистратура по одржлива технологија. Покрај интересот за животната средина, тој е и едукатор посветен на развојот на млади преку разни неформални образовни активности. Пред доаѓањето во Шведска, Миле има работено во невладиниот сектор во Хрватска на теми поврзани со циркуларна економија и животната средина. А во Стокхолм, покрај студиите тој држи часови по математика и работи како практикант во меѓународна организација за управување со водни ресурси (Global Water Partnership). Во своето слободно време, Миле ужива во изучувањето на нови јазици и во долгите прошетки низ еден од најзелените градови во Европа! Обожава да патува и е активен Couchsurfer. И секако, тој е активен член на Македонскиот национален комитет од 2014 година па наваму.