Премини на содржината ↓

Јована Јовановска

6 August 2020

UWC Мостар, 2016-2018

Јована не сака монотонија, па затоа се труди да научи барем нешто ново секој ден. Нејзината љубопитност е и главната причина што ја навлече да аплицира на UWC бидејќи ова местенце и дозволи да го гледа светот низ различни перспективи и да наоѓа вредност во сè што е околу неа. По завршување во UWC Мостар, Јована помина осум месеци во Сенегал, каде што помагаше со одржување на часови по англиски јазик во основно училиште (и патем успеа да научи Волоф, најзборуваниот јазик во државата). Моментално, Јована е студент на Lake Forest College во САД, каде што студира биологија и политика. Мошне често луѓето ја гледаат зачудено кога ќе им ја спомне оваа комбинација, но нејзината цел е да успее да ја приближи науката до публиката и верува дека овие две гранки ќе и помогнат во тоа. Понатаму, Јована планира да го продолжи своето образование студирајќи биотехнологија. Во своето слободно време, Јована ужива да патува (најчесто посетувајќи ги своите пријатели од UWC), да има долги длабоки разговори на било која тема и исто така се труди да биде позабавна со тоа што учи како да свири на укулеле.

2018  Mostar