Премини на содржината ↓

Исидора Цветковска

18 July 2020

UWC на Јадранот, 2014-2016

Здраво! Јас сум Исидора од Скопје. Учев во UWC на Јадранот од 2014 до 2016. Искуството кое го добив во UWC ми помогна да се пронајдам себеси, да научам многу за светските култури, но и да добијам чувство за што значи тоа да се учи со луѓе многу поразлични од мене. UWC ми пружи едно неповторливо искуство и ми ги прошири хоризонтите. Најмилите спомени од Италија секогаш ќе ми бидат журките во Микис и културните шоуа кои се организираа од група ученици од блиски култури.

Шансата да учам во UWC ме мотивираше да го продолжам моето образование во Холандија, каде што дипломирав на универзитетот во Гронинген, а потоа магистрирав на Еразмус универзитетот во Ротердам на програмата „Медиуми и Бизнис“.

Покрај UWC и моите студии, обично играм тенис, гледам формула 1 или уживам некаде со друштво. Исто така имам голема пасија за уметноста, музиката и поп-културата, која често сакам да ја внесувам во тоа што го работам. Секогаш сакам да запознавам нови луѓе, да патувам и да споделувам искуства, па така слободно можете да ме контактирате на Фејсбук или Линкдин.