Премини на содржината ↓
map

UWC ИСАК Јапонија

Каруизава, Јапонија

175 ученици,

15-19 години

Основан

2014

3 March 2017

UWC ИСАК Јапонија е вториот најнов UWC колеџ, кој ја прими својата прва генерација на ученици есента 2017 година. Основачот на UWC ИСАК Јапонија, госпоѓата Лин Кобајаши ја открила својата страст за глобално образование додека била ученик во Пеарсон Колеџот на UWC во Канада. Оваа искуство ја инспирирало да го основа ИСАК, кој своите врати ги отвори во 2014 година за да едуцира млади лидери од целиот свет кои ќе бидат катализатори на позитивна промена.

Три уникатни карактеристики

  • Програма на лидерство – Низ иновативна програма на лидерство, која комбинира пракса за "mindful" дисциплина и иновација на дизајн, учениците дознаваат што е важно за нив додека работат за да станат катализатор на позитивна промена. Праксата за лидерство е интегрирана во сите аспекти на животот вклучувајќи во и надвор од училницата, и во резиденцијалното искуство.
  • Пристап базиран на ученичка иницијатива -  Ученичката автономија се потенцира и охрабрува. Учениците се поттикнуваат да основаат и раководат ученички клубови, да планираат активности и настани во кампусот и да воспостават и одржуваат полиси поврзани со студентскиот живот во кампусот.
  • Јапонски јазик и култура – Покрај можноста да го изучуваат јапонскиот јазик, на учениците низ редовни излети и екскурзии, им се дава можност да ја истражат и запознаат јапонската култура, историја и традиции. Учениците можат да ја запознаат јапонската уметност на аранжирање на цвеќиња и да присуствуваат на церемонијата на служење чај; да посетуваат замоци, топли извори, храмови, локални настани и церемонии, музеи и бројни други активности!
Во училницата
 

UWC ИСАК Јапонија нуди Меѓународната Матура (IBDP) за трета и четврта година од средно училиште. Покрај стандардните училишни предмети, UWC ИСАК Јапонија нуди изучување на Јапонски јазик, Кинески јазик, Историја, Економија, Наука, Филм и Сликање.

Надвор од училницата 

Учениците во UWC ИСАК Јапонија можат да уживаат во голем број на воншколски активности, вклучувајќи спорт, јазични клубови, МОН (Модел Обединети Нации) и дебата. Во овој момент, има 50+ клубови и активности на Колеџот, од кои што сите се дизајнирани и се под раководство на ученици, а покрај овие активности постои и годишната Проектна Недела. Во текот на годината, Колеџот одржува работилници и предавања со истражувачи и иноватори.

ИБ учениците дизајнираат, имплементираат и ги одржуваат нивните креативни, активни и социјални проекти (CAS) за време на двегодишниот престој. Креативните активности вклучуваат Театарски клуб, Танцов клуб, Филмски клуб, Мјузикл клуб, Ученички магазин и други програми. Колеџот има и бројни спортски клубови (вклучувајќи кошарка, одбојка, рагби, бејзбол, бадмингтон, фудбал и трчање), образование во природа (пешачење и кампување), и активности кои што се одржуваат надвор од кампусот (скијање, сноубординг и пливање).

Кратки Курсеви
 

Летното Училиште на UWC ИСАК Јапонија е возбудлива 2-неделна програма за ученици (на возраст 12-14 години) од целиот свет. Наставници од светска класа ги предизвикуваат, вклучуваат, и инспирираат учесниците со програма која што вклучува глобални теми, лидерство, иновации во дизајн, активности во природа и јапонски кулутурни искуства. Од 2010 година, ученици од преку 80 земји учествувале во оваа летно училиште.

Кампус
 

UWC ИСАК Јапонија има модерни објекти дизајнирани од наградувани архитекти  кои ги потенцираат традиционалните Јапонски принципи на архитектура. Кампусот е поставен во хармоничен однос со природата која што го опкружува, создавајќи инспиративна атмосфера за живот и учење. Академскиот Центар Камијама, завршен во 2016 година, се наоѓа во модерна зграда во која што има училници, библиотека/технолошки центар, простории за учење, простории за состаноци и главната канцеларија на Колеџот. Дополнителни училници се наоѓаат во зградата Асама која што исто така содржи лаборатории, кафетерија и тераса. Резиденцијалните објекти се наоѓаат во поврзана низа куќи, секоја со посебен пристап до надворешниот дел. Во секоја куќа живеат помеѓу 12 и 18 ученици. Покрај соби за 2 или 4 студенти, секоја Куќа има мала кујна и голема заедничка дневна соба. За спортски и рекреативни активности, учениците имаат пристап до терен за кошарка и спортско поле од природна трава, како и патека за прошетки и трчање.

Локација
 

UWC ИСАК Јапонија се наоѓа во Нагано префектурата, во градот Каруизава (Karuizawa) со население од 20.000 жители, оддалечено 70 минути со воз од Токио. Каруизава е популарна дестинација за одмор и има четири сезони, вклучувајќи и снежни зими!

Упис
 

Учениците аплицираат преку нивните национални комитети за Меѓународната Матура. За упис во 10-то одделение, ученици може да аплицираат директно во UWC ИСАК Јапонија. За повеќе информации, посетете ја веб страната.

Контакт детали


UWC ISAK Japan
5827-136 Nagakura,
Karuizawa-machi
Kitasaku-gun,
Nagano 389-0111

18 Колеџите
ширум светот