UWC Костарика
Санта Ана, Костарика
175 ученици
16-19 години
2006
UWC Костарика беше познат како СОС Херман Гмајнер Меѓународен Колеџ, отворен за ученици од СОС Детските села од регионот. Во 2006, истиот колеџ стана СОС Костарика, посветен на продолжување на поддршката на деца од СОС детски села од Латинска Америка и од остатокот од светот.
Три посебни карактеристики
- Програма за агенти за промени - двегодишна образовна авантура базирана на учење преку искуства за време на која учениците стануваат свесни за својот капацитет за позитивни промени, формираат свои проектни тимови и партнерства со локалната заедница и организации при што се тренирани чекор-по-чекор по дизајнирање, импленетирање и анализирање на проект од аспект на социјално претприемништво.
- Велнес програма - мултидисциплинарна, повеќегодишна, интергенерациска училишна иницијатива со цел да ја зајакне културата на социјален и емоционален добробит за сите членови на заедницата.
- Поддршка за СОС детски села - секоја година, UWC Костарика нуди 5 целосни стипендии на учениците од СОС детски села од целиот свет. До сега, повеќе од 50 ученици од СОС детски села имаат завршено на UWC Костарика.
Во училницата
UWC Костарика се гордее со фактот дека е единствениот UWC колеџ што ја нуди целата Дипломска програма на Меѓународната матура и на англиски и на шпански. Од сите ученици се очекува да можат да комуницираат и на англиски и на шпански до крајот на своето образование на UWC Костарика. Учениците кои солидно ги владеат и двата јазици при доаѓањето на колеџот можат да учат еден или повеќе предмети на англиски или шпански и притоа да добијат билингвална диплома.
Покрај стандардните предмети, UWC Костарика нуди културолошка и социјална антропологија, театар, филм, визуелна уметност, екосистеми и општество, француски.
Надвор од училницата
UWC Костарика нуди повеќе од 50 разни активности во кои можат да се вклучат учениците. Покрај тоа, сите ученици мораат да земат учество во програмата за агенти за промени, основана за да ги опреми учениците со вештини потребни за успешно да имплементираат развојни програми и проекти.
Летни школи (Кратки курсеви)
UWC Костарика е домаќин на кампот „Водење со срце“ кој помага на тинејџери да развијат знаење, вештини и ставови потребни за ефективно и социјално одговорно лидерство.
Кампус
Кампусот е опкружен со прекрасни планини и богата флора и фауна кои чинат идеална локација за резиденцијален живот што е безбеден, интересен и несекојдневен. Игуани и разни видови на птици се дел од секодневниот живот на кампусот.
UWC Костарика има 8 резиденцијални домови, сите именувани по познати плажи во Костарика. Во секој дом живеат 24 ученици во 8 соби, делејќи 2 бањи, дневна соба и целосно опремена кујна. Покрај тоа, на кампусот има амфитеатар со 75-квадратна сцена, библиотека, центар на заедницата, кошаркарско и фудбалско игралиште.
Локација
На 20 минути од Сан Хозе, главниот град на Костарика, и на 10 минути од врвна болница, кампусот на UWC Костарика е вгнезден во населбата Санта Ана, извонредно безбедна и грижлива заедница која го има земено колеџот под свое крило.
Упис
Кандидатите аплицираат преку нивните националните комитети. За повеќе информации одете на нивната веб страна.
Контакт детали
Santa Ana downtown,
from the north-east corner of the local church,
400m north
San José, 10901
Costa Rica