Премини на содржината ↓
map

UWC Дилиџан

Дилиџан, Ерменија

219 ученици
16-18 години

Основан

2014

3 March 2017

Идејата да се изгради овој колеџ потекнува од општествените претприемачи Рубен Варданјан и Вероника Зонабенд, кои за првпат ја изложија во 2006 година. На нивната иницијатива се придружија речиси 300 донатори од целиот свет. Во октомври 2014, UWC Дилиџан официјално ги отвори вратите за своите први 94 ученици, со тоа станувајќи 14ти колеџ во UWC движењето.

Оттогаш наваму, UWC Дилиџан се стреми да донесе во Ерменија светски признати образовни практики, но и вредностите на движењето UWC олицетворени низ присуството на млади ученици од целиот свет.

За време на двете години поминати во UWC Дилиџан, учениците се стекнуваат со втор дом и со семејство од преку 250 луѓе. Честопати, тие одлучуваат да останат во Дилиџан по матурирањето за да работат на локални проекти или за да вршат разни проекти корисни за заедницата. Учениците неретко се враќаат и неколку години по напуштањето на колеџот за да прават разни видови пракси и хуманитарни проекти.

Со негувањето на талентирани, креативни, квалитетно образовани и самоуверени млади луѓе подготвени да работат за пошироката заедница, UWC Дилиџан придонесува кон обезбедување светла иднина за целиот свет.

Три уникатни карактеристики

  • Образовно „дувло“ – Една од најважните цели на колеџот е да продолжи да придонесува кон развојот на регионот во кој се наоѓа и да инспирира сличен вид квалитетно образование низ цела Ерменија.
  • Решавање конфликти – Поради својата геополитичка местоположба, UWC Дилиџан претставува уникатна можност за секој кој е заинтересиран за стекнување искуство со решавање конфликти и мировни иницијативи.
  • Мешавина од глобален и локален пристап – Во UWC Дилиџан веруваме во „глокалното“, односно нашата цел е да бидеме глобално релевантни, но истовремено внесени и во локалната реалност. Создаваме средина која овозможува разбирање различни култури и славење на различностите..
Во училницата
 

UWC Дилиџан го нуди курикулумот на Меѓународната матура. Покрај вообичаените предмети од овој курикулум, колеџот исто така нуди руски, германски и шпански јазик, глобална политика, филозофија и театар.

UWC Дилиџан со задоволство истакнува дека во моментов располага со четворица алумни од UWC движењето, конкретно од UWC на Јадранот и од UWC на Атлантикот, кои моментално се инволвирани во академскиот и резиденцијалниот живот на колеџот. Со својот сооднос од по еден професор на секои пет ученици, колеџот нуди персонализиран пристап кон секој ученик, притоа гарантирајќи им го најдоброто можно искуство со програмата на Меѓународната матура.

Најголемиот дел од професорите на UWC Дилиџан зад себе имаат меѓунардно искуство со предавање предмети од Меѓународната матура пред да дојдат на UWC Дилиџан.

Надвор од училницата 

Воншколската програма на UWC Дилиџан се состои од четири елементи: програмата КАС (креативност, активност, служба за заедницата), проектни недели, фокус-недели и културни викенди.

Учениците на UWC Дилиџан соработуваат со разни невладини организации на разни проекти, како на пример градинки во Дилиџан и во околните села, организации кои работат со деца со тешкотии во учењето, но и пошироко со локалната заедница. Учениците организираат различни активности за служба кон заедницата, кои опфаќаат деца од локалната заедница, како на пример проектот Наука со деца, кој им помага на деца кои живеат во Дилиџан да ги реализираат своите научни интереси и да го истражат светот на експериментите, проектот Керамика со заедницата, но и проектот „Дилинглиш“, со кој учениците на колеџот учат деца кои живеат во Дилиџан англиски јазик итн. Една од најчестите т.н. проектни недели е проектот „Поубаво место за живеење“, чија цел е да им се помогне на лица без покрив над главата да се здобијат со нови живеалишта преку учество во градењето и реновирањето на разни живеалишта.

UWC Дилиџан нуди и разни физички активности, како пешачење во природата, скијање и истражување пештери, кои честопати вклучуваат учесници и од Дилиџан и околните села.

Кампус
 

Интернатите во склоп на UWC Дилиџан нудат исклучителни ресурси за учење и живеење. Учениите имаат пристап до теретана, затворен базен, игралиште за спортови како фудбал, одбојка, тенис, сквош и кошарка. Кампус-ресурсите вклучуваат библотека, ресурсен центар со интегрирани ИТ помагала, сала за вечера, медицински центар, центар за black box performance и работилница за керамика. При градењето на кампусот беа користени обновливи технологии и природни извори, при што беше користена вода од дождови за наводнување и за рециклажа на сиви води.

Локација
 

UWC Дилиџан се наоѓа во долина која датира од шеснаесетиот век и се наоѓа на перфиеријата на еден голем национален парк во централна Ерменија, на сто километри од главниот град Ереван.

Дилиџан се наоѓа на патот кој поврзува два современи големи градови, Ереван и Тбилиси, во држава која се наоѓа на границата помеѓу Европа и Азија и во срцето на еден разновиден, културно богат и сложен регион со долга историја: во пресекот помеѓу некогашните Персиско, Византиско, Османлиско и Руско царство.

Упис 

Сите ученици аплицираат или преку своите национални комитети или преку глобалната селекциска програма на UWC(за втората опција нема целосни стипендии). За повеќе информации за UWC Дилиџан, посетете ја нивната веб-страница.

 

 

You have not allowed cookies and this content may contain cookies.

If you would like to view this content please

 

 

Контакт детали


UWC Dilijan
ARMENIA 7 Getapnya Street,
3903,
Dilijan

18 Колеџите
ширум светот