Премини на содржината ↓
map

СОК Махиндра

Пуне, Инидија

240 ученици,
16-18 години

Основано

1997

3 March 2017

Колеџот во Индија започна во 1997 година со земја и градежна инфраструктура великодушно подарена од страна на Хариш Махиндра од далеку познатата компанија Махиндра & Махиндра Група. СОК во Индија е енергичен колеџ со богата традиција на курикуларна иновација и ангажирање на локалната заедница. Голем дел од програмите на Меѓународната Матура (International Baccalaureate), како “World Studies", продолжениот есеј, или филмските студии, беа замислени и започнати во овој колеџ. Колеџот исто така има програма со Фондацијата Акшара која го зголемува позитивниот локален импакт на училиштето и им обезбедува на учениците многубројни можности за учење базирано во проекти кои помагаат на заедницата. 

Campus and Facilities  

The campus is located on a 175-acre conservation park overlooking the Mulshi and Kolvan valleys, 150 km from Mumbai. 

Architect Christopher Benninger has won international awards for the campus design, based on local architecture and which uses regional materials.

Classrooms are based around a quadrangle and each has its own courtyard. The hall, library, arts centre, science laboratories, catering and administrative centres are in this central area.

Since 2000, staff, students and faculty have planted over 100,000 trees on campus, making it a shady and green space to live and learn. 

Три посебни карактеристики

  • Курикуларно богатство (Проектна диплома) - СОК Махиндра е познато како место за курикуларна иновација, и неколку програми започнати во колеџот се инкорпорирани во глобалниот курикулум на Меѓународната Матура. Колеџот нуди возбудлива можност за учење во вистинскиот свет и преку проекти со својата Проектна Диплома
  • Иницијативи предводени од учениците - Учениците се активни во најголемиот дел одлуки кои влијаат на животот на кампусот, како смислувањето и  извршувањето иницијативи за менаџмент на ресурси на самиот кампус и во соседните села. Инволвираноста на учениците исто така резултира во проекти кои стануваат традиција во колеџот, како Фондот на Заедницата и годишната Театарска Сезона, кога учениците режираат и учествуваат во повеќе претстави кои се одржуваат во двонеделен период во февруари. 
  • Индискиот контекст - Во Махиндра, учениците придобиваат не само од разновидноста на училницата, која ја составуваат ученици од повеќе од 60 држави, туку и од јазичната и култураната разновидност во околната долина и пошироко во Индија. Курсеви кои го објаснуваат контекстот, како “Ова е Индија“ и “Глобални Прашања“ им помагаат на учениците да размислат за оваа привилегија и начинот на кој таа им дава ретки можности. За време на Проектните и Патните недели, учениците имаат кратки искуства со кои навлегуваат подлабоко во културите и животите на луѓе од различни делови на државата.
     
In the Classroom 

СОК Махиндра ја нуди  Меѓународната Матура. Заедно со стандардните предмето, колеџот исто така нуди Уметност, Театар, Филм, Психологија, Светски Религии и Глобална Политика. Додатно, учениците земаат предмети кои го градат контекстот на самиот колеџ, како “Ова е Индија“, а и специјализирани курсеви во Наука на комплексност и Системска мисла. 

СОК Махиндра исто така ја нуди Проектната Диплома заедно со Пред-Универзитетска Диплома Кембриџ. Проектната диплома е специјализирана програма во своите рани години, каде дел од учениците земаат часови од Меѓународната Матура за време на првата година, а потоа ја користат втората година за да замислат и извршат проект кој цели да има позитивно влијание во вистинскиот свет.  

Надвор од училницата
 

СОК Махиндра нуди огромна разновидност на воншколски активности преку програмата за Креативност, Акција и Сервис (КАС), која олеснува учење низ проекти во пет полиња: Образование, Мир и правда, Одржливост, Комуникација и Култура, и Надворешна едукација. Учениците учествуваат во барем едно од овие полиња и организираат групни проекти. 

Помагањето на локалната заедница се случува не само преку КАС програмата, туку и преку работата со Акшара и локални иницијативи во долината. Ова вклучува работа во локални училишта, програми за претприемништво, органска агрикултура и работа во невладини организации. 

Освен стандардни спортови како кошарка, рагби и футбал, географската локација на кампусот е идеална за активности како пешачење, велосипедизам и пожарникарство. Голем број од учениците учествуваат во физички предизвикателни патувања за време на Патната недела, како и спротската сезона позната како MUWCILympics. 

Кратки Курсеви
 

СОК Махиндра нуди неколку кратки програми за време на летото кои зближуваат ученици на 14-18 годишна воздраст од целиот свет за да учат за издржливост, глобализација и полови студии. Примарниот фокус е снабдување опширен вовед во важни проблеми преку интеракција со екперти во тие полиња и користејќи го географскиот и културниот контекст на колеџот. “Запознај ја Индија“ е најпопуларниот краток курс, кој започнува со 7 дена во самиот колеџ проследени со 2 недели групни патувања до различни места низ Индија. Други курсеви се “Младите, Околината и Одржливост“, и “Театар, Пол, Идентитет и Филм“. 

Кампус
 

Учениците живеат заедно во 5 домови познати како “вади“ (локалниот збор за “двор“). Кампусот нуди многу неформални места за собирање и шетање, и доста локации се познати меѓу учениците за неверојатниот поглед кон зајдисонцето во долината. 

Академските објекти ги вклучуваат училниците во Академскиот квартал, научна лабораторија, дигитална лабораторија, библиотека, место за уметност со поглед кон долината, специјализирани места за театар и музика, голем терен за рагби, фотбал, кошарка и крикет. Социјалниот центар нуди теретана, базен, игри и мало кафуле. Учениците ги јадат оброци во голема кафетерија наречена “Каф“. 

Локација
 

СОК Махиндра е лоцирана на биодиверзитетски резерват од 70 хектари на планински венец паралелен на западниот брег на Индискиот полуостров. Селата во долината нудат многубројни можности за учење и ангажман во заедницата. Градот Пуне е на 30 километри од колеџот и нуди многу можности за посети преку викенд за ресурси и забава.

Упис

Учениците аплицираат преку нивниот Национален комитет. Во специјални околности, некои ученици може да аплицираат директно во колеџот. За повеќе информации, погледнете ја нивната веб страна.

Контакт детали


UWC Mahindra College
Village Khubavali,
PO Paud
Taluka Mulshi, Pune,
MH 412 108, India

17 Колеџите
ширум светот