Премини на содржината ↓

Илија Личковски

7 September 2019

UWC Мастрихт, 2017-2019

Илија е студент по физика на Универзитетот во Гронинген во Холандија, каде го продолжи образованието после дипломирањето од UWC Maastricht и gap year семестар во Њујорк. Професионално го интересира вселенската индустрија (минус вселенски туризам), и цели да придонесе кон (одржлив и инклузивен) стремеж на човечкиот вид кон други светови. Љубител е на повеќечасовни полемики со пријатели, прошетки во градови со добро урбанистичко планирање, и all-you-can-eat ресторани. Како кулинарен ентузијаст, обожава да експериментира со артизанални домашни лути сосови, и е во долгогодишна потрага по светиот грал -- совршен from-scratch рецепт за лазања.