Премини на содржината ↓

Маја Мишевска

5 August 2023

UWC на Јадранот, 2021-2023

Маја помина две незаборавни години во UWC Адриатик, во малото италијанско гратче Дуино. Таму нејзините разнообразни интереси излегоа на виделина добивајќи глобална перспектива. Маја своите студии ги продолжува на универзитетот Браун во Провиденс, САД, со желба за запознавање на повеќе видици. Покрај главното насочување кон компјутерските науки, таа планира мултидисциплинарно да ја истражува социјалната вклученост на маргинализирани групи во секторите каде постои нееднаквост. Иако таа има слаба просторна ориентација, секогаш во друштвото ја превзема улогата на тур гајд (благодарение на Google Maps). Во слободното време уметничката склоност на Маја се преплетува со нејзината фасцинација кон феминистички анализи, декодирајќи современи реклами на ПETA или расчленувајќи ги класичните дела на Ингрес. Нејзината омилена книга (барем сега засега) е „Куќата на психотични жени" околу прикажувањето на жените во хорор филмовите, нејзиниот омилен жанр.