Премини на содржината ↓

Марко Инѓилизов

5 August 2023

UWC на Источна Африка, 2021-2023

Марко верува дека позитивната енергија ќе го спаси светот. Без разлика дали се снаоѓа низ велешките сокаци, танзаниските улици или допрва американските патишта – Марко се труди да најде убавина во малите нешта кои се негов извор на надеж и инспирација. Без семејството и пријателите не може, а кога е далеку од нив се труди барем еднаш дневно да пробуди насмевка на нивните лица (најчесто со некоја (не)успешна шега). Животот во Танзанија му беше бајка (вистинска!). Често ќе го слушнете како говори за љубовта кон заедницата, моментите на интроспекција, фотографиите од многуте авантуристички патувања и спомените кои зрачат со храброст, ризик и истрајност кои ќе им ги раскажува на неговите деца и внуци. Танзанија му е дом и неговиот сон е да се врати што побрзо! Во следните четири години, Марко има цел да: научи 2 јазици, фотографира професионално и пие кафе со сите UWC пријатели во нивните држави.

EA  2023