Премини на содржината ↓
map

Ли По Чун UWC во Хонг Конг

Хонг Конг, С.А.Р. Кина

256 ученици,

16-18 години

Основан

1992

3 March 2017

UWC Ли По Чун (UWC LPC) ги отвори вратите кон првата генерација ученици во септември 1992 и беше формално отворен од Неговото Кралско Височество Принцот од Велс на 6 ноември 1992. Ли По Чун колеџот беше вториот UWC колеџ во Азија.

Accordion Title 

Accordion content

Три уникатни карактеристики

  • Програма Quan Cai - Преку програмата Quan Cai ("целосен личен развој"), учениците добиваат одговорност да иницираат и да водат проекти, како и да волонтираат во локалната заедница.
  • Кинеска култура - Наоѓајќи се во живописен град на раскрсницата на Азија, на учениците им се дава можност да развијат подлабоко разбирање за Кина и Азија преку проектната недела и кинеската недела.
  • Локација - Кампусот се наоѓа во тивка и зелена рајска зона на Хонг Конг, опкружена со дрвја, планини и плажа, додека истовремено е кратко оддалечена од облакодерите во градот.
Во училницата
 

UWC LPC ја нуди IB програмата за Меѓународната Матура (IBDP). Заедно со стандардни курсеви, UWC LPC нуди кинески, мандарински, шпански, француски, географија, бизнис менаџмент, политички студии, еколошки системи и општества, театар и визуелни уметности. 

Надвор од училницата 

Програмата "Quan Cai" ("целосен личен развој") е составен дел од учењето на учениците. Се нудат повеќе од 70 активности, вклучувајќи и 10 спортски тима, 22 активности за поддршка на заедницата и 30 други кои се поврзани со групи или организации во пошироката заедница. Меѓу различните компоненти на програмата Quan Cai се дава акцент на придонесот во заедницата, подигнувајќи ја свеста на учениците за улогите што може да ги превземат за постигнување на мир и одржливост. Активностите се претежно водени од учениците и вклучуваат: волонтирање во заедницата (пр.: корален мониторинг, работа со работници, спасување на животни), уметност (пр.: готвење на здрав начин, змејски танц, дебата, циркус), физички активности (пр: кајакарство, пешачење, кампување и качување по карпи), волонтирање на кампус (пр.: група за прва помош, аудио визуелен тим, еколошки клуб и списание Синерџи), кинеска недела и проектна недела, културни вечери, образовни програми за мир, недела на ориентација.

Кампус
 

UWC LPC е 100% резиденцијална заедница. Студентите живеат во 4 резиденции на кампусот, секој од нив дели соба со уште три други ученици. Кога е возможно, собите се составени од двајца ученици што се втора година и двајца ученици од прва година, двајца од Хонг Конг и двајца од различни држави. Сите професори со полно работно време живеат на кампусот и се тутори. Туторите и туторските групи се важни механизми за поддршка што даваат насоки, чувство на "дома надвор од дома", рамо за плачење во време на потреба и група со која ќе се споделуваат добрите вести. Кампусот вклучува и спортска сала, сала за состаноци, базен, тениско игралиште, игралиште за кошарка, кантина, библиотека, училници и лаборатории.

Локација
 

Лоциран во прекрасниот амбиент во Ma On Shan, со поглед на водите на Starfish Bay и пристаништето Толо, училишниот кампус е на помалку од 10 минути пешачење од станицата Wu Kai Sha MTR, што ја прави локацијата многу погодна.

Упис 

Кандидатите со постојана лична карта на Хонг Конг или зависна виза може да се аплицираат преку UWC Стипендијската шема на кој било од 17-те Светски колеџи ширум светот, вклучувајќи го и Ли По Чун Колеџот, како и во случај на било кое друго UWC училиште или колеџ. Алтернативно може да се аплицира преку UWC Глобалната Програма за Селекција. Апликантите без  постојана лична карта од Хонг Конг или зависна виза може да се пријават преку нивните национални комитети на UWC или преку UWC Глобална програма за селекција. За повеќе информации за Ли По Чун UWC на Хонг Конг, посетете ја веб страницата.

Контакт детали


10 Lok Wo Sha Lane,
Sai Sha Road, Ma On Shan,
Sha Tin,
New Territories, Hong Kong

18 Колеџите
ширум светот