Премини на содржината ↓

Весна Узунова

1 July 2020

UWC Мостар, 2020-2022

Здраво! Јас сум Весна и досега бев ученичка во СОУ Гоце Делчев, Валандово. Годинава за прв пат ќе искусам нешто кое ми беше цел повеќе години и горда сум што можам да кажам дека од август ќе бидам ученик во прекрасниот UWC во Мостар. Во слободно време уживам во читање новели, свирење гитара, цртање и други активности кои ме исполнуваат. Една работа која ја сметам за посериозна во мојот живот и ми е приоритет е да се грижам за мачки, претежно помали мачиња кои се беспомошни. 
Оваа шанса сметам дека ќе ми овозможи да се надоградам во зрела личност и ќе можам да ги истражам деловите од самата себе, во друштво на многу како мене, опкружени со разновидна култура.    

2022  Mostar