Премини на содржината ↓

Филип Гошевски

1 July 2020

UWC Мастрихт, 2020-2022

Здраво на сите! Јас сум Филип и доаѓам од малото гратче Берово. Само што ја завршив мојата втора година во ОСУ „Ацо Русковски“, а веќе од наредната моето средношколско искуство ќе го продолжам во UWC Мастрихт. Деновите кои не ги поминувам во изучување на концепти од областа на биологијата или хемијата ми се исполнети со пријатели, кафиња, забава и многу филмови. Покрај природните науки ги сакам и јазиците и сум неколку чекори подлабоко во изучување на германскиот. Активно волонтирам и ги истражувам првите слоеви на психологијата, и сум најголемиот Potterhead што постои. Исто така, ги обожавам животните и природата. Поседувам и посебен ентузијазам за фотографирање и патување.