Премини на содржината ↓

Сузана Штерјова Тошева

21 August 2020

Нордиски СОК на  Црвениот Крст, 1997-1999

Уште еден од СОК студентите од Македонија од минатиот век :). Моето СОК искуство, како и на сите, впрочем, беше животно-дефинирачко, особено земајќи во обзир дека беше пред Големата технолошка револуција од 2000-те. Контактот со луѓето надвор од најубавиот фјорд на светот беше со dial-up врска еднаш неделно, ако веќе ти се смачило од фиксниот телефон, па беше малку потешко да “избегаме” од “асимилирачкото” влијание на СОК идеите :)  

По COK, патот ме одведе далеку од вообичаената траекторија која води на некој од колеџите во САД – се вратив во Македонија и оттогаш, веќе 20 години, секојдневно се обидувам на својот мал начин да ги применувам вредностите на СОК на некои невообичаени места, како на пример, во македонската бизнис сфера или во македонските предградија.

Студирав англиски јазик и лингвистика на државниот универзитет, работев како преведувач за образовни и социјални теми, а потоа се пронајдов во еден друг вид комуникација – маркетинг комуникации. Со тоа и се занимавам последните 10 години, најпрво во Т-Mobile, а потоа во Македонски Телеком, како дел од едно друго меѓународно семејство –  она на Дојче Телеком, многу слично во својата разноликост на нашите СОК.

Мајкувам на Дарен веќе скоро 5 години, возам велосипед до работа, садам диви дрвца низ тревниците во Лисиче, како мој мал придонес за почист воздух :) , во моментов се трудам да само-научам турски, и од време на време, сакам да шетам по планини и да практикувам јога. 

Tagged 1999 RCN