Премини на содржината ↓

Сара Дранго

4 August 2020

UWC САД, 2013-2015

Здраво на сите! Јас сум Сара, поранешна ученичка на UWC САД од 2013 до 2015-та. По UWC, ги продолжив студиите на Универзитетот во Чикаго каде што завршив економски факултет. Една година работам како асистент на Booth School of Business, исто на Универзитетот. Моментално работам на проекти во областа на квантитативен маркетинг и економетрика (на пример, градење модели за побарувачка во специфични индустрии).

Во иднина, би сакала да продолжам на докторски студии по економија (иако релативно доцна одлучив да дипломирам на тој предмет), евентуално работејќи на проекти по трудова економија. Надвор од тоа, обожавам да спортувам (иако кошарката ми беше прва љубов, а моментално повеќе практикувам weight-lifting) и генерално ме интересираат теми околу филм, и литература (темиве се стварно широки, извинете!).

За мене, моите UWC години беа едни од најдобрите (а и многупати, најтешките!) периоди. Mислам дека тоа е природно, но не секогаш знаев како да се справам со такви интензивни емоции, a посебно не на 16 години. Затоа (!), секогаш сум слободна за разговор доколку тоа искуство е меѓусебно (or, if not, we can talk about completely unrelated topics). Е-маилот ми е: sdrango@uchicago.edu.

2015  USA