Премини на содржината ↓

Милан Самарџиски

6 August 2020

UWC Роберт Бош Колеџ, 2017-2019

Во спомен на Милан Самарџиски

Со тешко срце ви соопштуваме дека нашиот пријател, соученик и член на UWC заедницата, Милан Самарџиски прерано не’ напушти на 04/09/2020. Милан беше дел од UWC заедницата од 2016 година, во која остави неизбришлива трага како ученик на колеџот Роберт Бош во Германија, а подоцна и како член на Македонскиот национален комитет. Тешко е да се изнајдат вистинските зборови за соодветно збогување.

Милан беше пример за сето она кон кое се стреми UWC движењето. Од него извираше топлина и грижа, знаеше да ги гушне и поздрави сите и секогаш имаше време и желба да сослуша -- дури и во миговите кога и самиот минуваше низ тешкотии. Брилијантен и отворен ум, полн со емпатија, мудрост и принципиелност, Милан остави белег на човечност и добрина во секој живот кој се вкрстил со неговиот. Дали на колеџот во Германија, или на дружбите во Скопје, на натпреварите по математика или на изведбите на џез бендот од кој беше дел, секој кој го познавал Милан ја почувствувал неговата исклучителна енергија и грижа за луѓето околу себе.

Нашите мисли се со семејството на Милан, неговите родители и неговиот брат и сите оние кои го сакале и го чувствувале за близок.

Неизмерно ќе ни недостигаш, пријателе. Ти благодариме за спомените.

***

Последната биографија за Милан ни беше:

Милан е студент на универзитетот Браун, чија академска слобода ја искористува земајќи предмети од областите на математиката, компјутерските науки, и музиката. Љубител е на сите форми на џез музиката – како слушател, но и како пијанист. Во слободно време ужива во долги велосипедски тури, играње Ultimate Frisbee, и техно забави.

RBC  2019