Премини на содржината ↓

Михаела Козар Бајалџиева

7 August 2020

Нордиски СОК на Црвениот Крст, 1995-1997

Студент во пионерската генерација на UWC RCN! Ретко кој може да се пофали дека за прв пат спие, јаде и учи во некој од Колеџите -- вистинска чест! Образованието го имам почнато во Каиро во католичко училиште на англиски и арапски јазик, по што продолжив во British International School Cairo, за да го завршам во основното училиште Коле Неделковски, Скопје. Низ годините имам живеено и на другата страна од Атлантикот, во САД, но ете секогаш сум се враќала дома силно верувајќи во каузата: „Think globally, act locally!“ (Размислувај глобално, но дејствувај локално!). 

По професија сум комуниколог, специјалност по маркетинг комуникации. Досега имам работено директно на развој на светски но и домашни бреднови од скоро сите индустрии. Рекламите за Златен Даб од 2013-та година па наваму се една од моите гордости. Дополнително, јас сум горд сопственик на „merchandising" агенција, една од првите во државата.

Во слободно време, во работно време, во секое време и невреме сум среќна „soccer mum“ на два сина, Марко Вулкан и Дамјан Гром, и убава жена на Јане Бајалџиев. ;)

И да, никогаш не престанав да волонтирам, совесно да се однесувам кон околината, и да работам со маргинализирани групи во општеството, нешто што длабоко во мене го вкорена моето UWC искуство.

Tagged RCN 1997