Премини на содржината ↓
map

СОК Костарика

Санта Ана, Костарика

175 ученици
16-19 години

Основано

2006

3 March 2017

СОК Костарика беше познат како СОС Херман Гмајнер Меѓународен Колеџ, отворен за ученици од СОС Детските села од регионот. Во 2006, истиот колеџ стана СОС Костарика, посветен на продолжување на поддршката на деца од СОС детски села од Латинска Америка и од остатокот од светот.

Три посебни карактеристики

  • Програма за агенти за промени - двегодишна образовна авантура базирана на учење преку искуства за време на која учениците стануваат свесни за својот капацитет за позитивни промени, формираат свои проектни тимови и партнерства со локалната заедница и организации при што се тренирани чекор-по-чекор по дизајнирање, импленетирање и анализирање на проект од аспект на социјално претприемништво.
  • Велнес програма - мултидисциплинарна, повеќегодишна, интергенерациска училишна иницијатива со цел да ја зајакне културата на социјален и емоционален добробит за сите членови на заедницата.
  • Поддршка за СОС детски села - секоја година, СОК Костарика нуди 5 целосни стипендии на учениците од СОС детски села од целиот свет. До сега, повеќе од 50 ученици од СОС детски села имаат завршено на СОК Костарика.
Во училницата 

СОК Костарика се гордее со фактот дека е единствениот Светски Обединет Колеџ што ја нуди целата Дипломска програма на Меѓународната матура и на англиски и на шпански. Од сите ученици се очекува да можат да комуницираат и на англиски и на шпански до крајот на своето образование на СОК Костарика. Учениците кои солидно ги владеат и двата јазици при доаѓањето на колеџот можат да учат еден или повеќе предмети на англиски или шпански и притоа да добијат билингвална диплома.

Покрај стандардните предмети, СОК Костарика нуди културолошка и социјална антропологија, театар, филм, визуелна уметност, екосистеми и општество, француски.

Надвор од училницата 

СОК Костарика нуди повеќе од 50 разни активности во кои можат да се вклучат учениците. Покрај тоа, сите ученици мораат да земат учество во програмата за агенти за промени, основана за да ги опреми учениците со вештини потребни за успешно да имплементираат развојни програми и проекти.

Летни школи (Кратки курсеви) 

СОК Костарика е домаќин на кампот „Водење со срце“ кој помага на тинејџери да развијат знаење, вештини и ставови потребни за ефективно и социјално одговорно лидерство.

Кампус 

Кампусот е опкружен со прекрасни планини и богата флора и фауна кои чинат идеална локација за резиденцијален живот што е безбеден, интересен и несекојдневен. Игуани и разни видови на птици се дел од секодневниот живот на кампусот.

СОК Костарика има 8 резиденцијални домови, сите именувани по познати плажи во Костарика. Во секој дом живеат 24 ученици во 8 соби, делејќи 2 бањи, дневна соба и целосно опремена кујна. Покрај тоа, на кампусот има амфитеатар со 75-квадратна сцена, библиотека, центар на заедницата, кошаркарско и фудбалско игралиште.

Локација 

На 20 минути од Сан Хозе, главниот град на Костарика, и на 10 минути од врвна болница, кампусот на СОК Костарика е вгнезден во населбата Санта Ана, извонредно безбедна и грижлива заедница која го има земено колеџот под свое крило.

Упис 

Кандидатите аплицираат преку нивните националните комитети. За повеќе информации одете на нивната веб страна.

Контакт детали


Santa Ana downtown,
from the north-east corner of the local church,
400m north
San José, 10901
Costa Rica

17 Колеџите
ширум светот