Премини на содржината ↓
map

СОК Атлантик Колеџ

Велс, Обединето Кралство

350 ученици,

15-19 години

Основано

1962

3 March 2017

Како основачкиот колеџ на СОК, СОК Атлантик колеџ е дизајниран да промовира меѓународно разбирање преку образование уште од неговото основање во 1962 година. Колеџот обезбедува платформа за млади луѓе да учат преку споделено искуство и да бидат подржани во правење на позитивна разлика.

Три уникатни карактеристики

  • Историско наследство - Наоѓајќи се во замокот Свети Донат од 12-от век во Обединетото Кралство, СОК Атлантик Колеџ е основачки колеџ за глобалното образовно движење. Тука исто бил развиен светски-познат чамец за спасување.
  • Атлантик во природа - Дава можност учениците да се фокусираат на физичкиот предизвик, услугата на другите, иницијативното раководство и тимската работа во дополнение на академската програма на колеџот.
  • Оспособување - На учениците им се дава автентична одговорност да ги донесат своите сопствени одлуки и дејства, следејќи ги во духот на образовната револуција што нашиот основач Курт Хан ја започнал пред повеќе од 50 години, во безбедна средина со присуство на возрасни.
Во училницата 

Двегодишната дипломска програма, погодна за ученици од 16 до 19 години, има два дела: IB програмата за Меѓународната Матура (IBDP) и програма за искуствено учење која се фокусира на клучни аспекти на мир, одржлива иднина и студентска иницијатива. Тие се меѓусебно поврзани и споделуваат заедничко наследство преку пионерската филозофија на Курт Хан, движењето на СОК и образовната работа на Алек Петерсон.

Програмата претставува мисија на колеџот во акција. Се фокусира на доживотна посветеност на услугата во заедницата, на соработка и социјална вклученост и кај младите развива чувство на лична иницијатива и вештини на лидерство. Учениците се ставени во позиции на доверба, автентична одговорност и донесување на одлуки, и преку акција и личен пример демонстрираат посветеност за да се направи позитивна разлика во светот.

Надвор од училницата 

Вон-наставната програма вклучува четири оддели - екологија, глобалност, социјална правда и природа - кои им овозможуваат на учениците да се вклучат во откривањето, да ги утврдат сопствените патишта, да се соочат со ризикот и да ја надминат можноста за неуспех со цел да ги знаат сопствените сили и недостатоци како и нивната улога во заедничката цел. Секој оддел има две области: примарна испорака, која содржи програма за вклученост во заедницата и секундарна испорака, која содржи четири дефинирачки карактеристики (активности, студентски иницијативи, периоди на фокус на мисијата и период на проектот).

Кампус
 

СОК Атлантик е сместен во замокот на Свети Донат од 12-тиот век, прилично невообичаено поставување на кампус, каде што има поголем дел на сали за состаноци и училници.

Студентската заедница е поделена низ осум наменски изградени куќи, кои сместуваат по околу 48 ученици, со посебни машки и женски ходници. Општо земено, четири ученици од истата година, секој од различна националност, делат соба. Сите ученици се под грижа на родители во домот, кои живеат во соседни куќи и поминуваат многу време во интеракција и поддршка на учениците.

Објектите на кампусот вклучуваат кантина, библиотека, шума, затворен и отворен базен и училници во историски градби.

Локација
 

СОК Атлантик колеџ се наоѓа на јужниот брег на Велс во Обединетото Кралство. Големиот град Бриџинг и главниот град на Велс, Кардиф, се наоѓаат сосема блиску, што значи дека колеџот се наоѓа на лесен пристап до многу главни транспортни врски, вклучувајќи автобуски, железнички и воздушен сообраќај.

Admissions 

Учениците можат да аплицираат преку нивните национални комитети или преку Глобалната Програма за Селекција на СОК. За повеќе информации за СОК Атлантик Колеџ, посетете ја нивната веб страна. 

You have not allowed cookies and this content may contain cookies.

If you would like to view this content please

Контакт детали


UWC Atlantic College
St Donat's Castle
St Donat's
Llantwit Major
Vale of Glamorgan
CF61 1WF
United Kingdom

17 Колеџите
ширум светот