Премини на содржината ↓
map

СОК на Јадранот

Дуино, Италија

182 ученици,

16-19 години

Основано

1982

3 March 2017

Северниот дел на Италија, а пред сè Трст и околината, доживеаја силно крвопролевање за време на Првата светска војна. Втората светска војна, пак, предизвика дополнителни политички и етнички поделби во овој дел на Европа, кој претставува точка на поврзување помеѓу германската, латинската и словенската култура. Со своето присуство во оваа арена на етничка и историска сложеност, Светскиот обединет колеџ на Јадранот со својата културна разновидност игра една исклучително сложена образовна улога.

Токму од овие причини, локалната власт во регионот Фриули, Венеција и Џулија, како и Министерството за надворешни работи на Италија го поддржуваат колеџот уште од неговото отворање. Тие се и ден денес едни од неговите главни патрони.

Три уникатни карактеристики

  • Сеопфатно италијанско искуство – Учениците не само што искусуваат СОК образование, туку се и постојано изложени на богатството и разновидноста на културното наследство на Италија. Колеџот извлекува максимум од својата локација, имајќи предвид дека се наоѓа на своевиден политички, културен и географски крстопат во срцето на Европа.
  • Музика - Музиката игра крупна улога на СОК на Јадранот, благодарение на постоењето на музичка академија која има за цел да пружи познавања од најразлични музички жанрови и стилови ширум светот.
  • Село наместо кампус – СОК на Јадранот не е затворен во свој сопствен кампус, туку неговите резиденции, училишни згради, лаборатории итн. се распространети низ целото село Дуино. Учениците се интегрирани во животите на локалната и околните заедници преку своите секојдневни активности, но и преку таканаречените активности за доброто на заедницата, кои се одвиваат еднаш неделно.
Во училницата
 

Светскиот обединет колеџ на Јадранот го нуди курикулумот на Меѓународната матура. Покрај вообичаените предмети од овој курикулум, колеџот исто така нуди арапски, словенечки, српски, хрватски и босански јазик, како и историја на уметност и екологија. Исто така, од сите ученици се очекува да учат италијански јазик, но не мора да го изучуваат како официјален предмет, туку можат да посетуваат дополнителна настава за која нема да добиваат оценки.

Надвор од училницата
 

Светскиот обединет колеџ на Јадранот става посветен акцент на компонентата „служба“ од својата екстракурикуларна програма наречена CAS (креативност, активност и служба). Преку својата физичка интегрираност во животот на локалната заедница, Колеџот негува долгорочни врски на соработка со бројни здруженија кои вршат волонтерски активности во најразлични области.

Од таканаречените активности за доброто на заедницата („служба), колеџот нуди: комуникација преку уметност со деца кои зборуваат словенечки и италијански; предавање англиски и вршење други активности во локални основни училишта; мултикултурни презентации кои имаат за цел да им понудат мултикултурно искуство на ученици од локалните основни училишта преку низа активности со цел борба против предрасудите и расизмот; помош за личности со ментални или физички попречености; работа со бегалци; придружба на лица во поодминати години или лица кои се врзани за своите домови; посета на лица во поодминати години во локални институции; курс за прва помош (со локални претставници на Црвен крст); изведба на музички концерти во болници и во институции за повозрасни и болни лица; посета на лица болни од мултиплекс склероза; спортски и театарски активности со лица со попречености; пренесување знаења од областа на науката на деца и на возрасни лица; држење часови по англиски јазик на локалната заедница; посета на повозрасни лица кои боледуваат од потешки болести

Од креативни активности, колеџот нуди: Адриатик Тајмс (училишен блог), керамика, шах, креативно пишување и книжевни дискусии, дискусии за актуелни настани, дебатен клуб, декупаж, цртање, откривање култури преку филм, Модел Обединети нации (MUN), музички активности (хор, хор-мадригал, часови по пијано, соло-пеење, компонирање музика, часови по разни инструменти, ансамбл, музичко шоу), фотографија, роботика, магазин за филозофија, ТЕDx UWC Adriatic, мотивациски говори, театар, алманах, веб 2.0 програмирање.

СОК на Јадранот ја користи својата приморска локација, како и близината на карстните висорамнини на Трст и Алпите за да им понуди на своите ученици низа спортски активности: аеробик, бадминтон, планинарење, современи танци, крос-кантри скијање, истражување на природата, кајакарење, мешани боречки вештини, ориентирање, едрење, фудбал, пливање, тенис, фризби и јога.

Кампус
 

Резиденциите на СОК на Јадранот се распространети низ целото село Дуино. Учениците се распоредени во седум резиденции. Освен овие резиденции, колеџот располага и со кантина, училишна зграда, центар за уметност, научни лаборатории, медицински центар, аудиториуми музичка академија.

Локација
 

Дуино е шармантно приморско село на половина час од Трст. Се наоѓа на мирна и заштитена локација која овозможува здрав животен стил. Венеција е исто така во близина, а границата со Словенија е оддалечена само неколку километри.

Упис 

Сите ученици аплицираат или преку своите национални комитети или преку глобалната селекциска програма на СОК (за втората опција нема целосни стипендии). За повеќе информации за СОК на Јадранот, посетете ја неговата веб-страница.

 

 

You have not allowed cookies and this content may contain cookies.

If you would like to view this content please

 

 

Контакт детали


Collegio del Mondo Unito dell’Adriatico O.N.L.U.S.
Via Trieste, 29 – 34011
Duino Aurisina (TS), Italy

17 Колеџите
ширум светот