Премини на содржината ↓
map

СОК Роберт Бош Колеџ

Фрајбург, Германија

200 ученици,

16-19 години

Основано

2014

3 March 2017

СОК Роберт Бош е заеднички проект на Германската СОК Фондација и Фондацијата Роберт Бош. Колеџот се наоѓа во Фрајбург, „зелениот град” на Германија, заради што Колеџот има специјален фокус на одржливост која што е вградена во академското планирање, студентскиот живот и архитектурата на зградите. Колеџот е во близина на Националниот парк Црна шума што дополнително овозможува одлична програма за надворешни активности. Стремење кон разноликоста е главната цел на Колеџот. Заради тоа, 70% од учениците добиваат целосни стипендии, благодарејќи на финансирање од државното министерство, Фондацијата Роберт Бош и “Б. Браун Мелсунген АГ“, како и многу други фондации и индивидуалци.

Три уникатни карактеристики 

  • Стремење кон разноликост – Преку 90 националности, кои зборуваат повеќе од 60 јазици, претставувајќи ги сите главни религиски групи.
  • Одржливост – Соработката со градските институции и искуствата на учениците и професорите ја создаваат базата за одржливо образование во кампусот..
  • Универзитетскиот град Фрајбург – Лоцирани во близина на Фрајбург, учениците имаат придобивки од локалниот културен живот како и широк избор на проекти за Креативност, Активност и Социјална работа (CAS).
Во училницата
 

СОК Роберт Бош Колеџот ја нуди Меѓународната Матура (IBDP). Со оглед на фокусот на одржливост, природните науки играат важна улога, како и математичките предмети. Покрај стандардните курсеви, Колеџот нуди Арапски јазик, Светска уметност и култура, Политичка мисла, и Историја на Азија и Океанија. Класовите во СОК Роберт Бош се мали, со просечен број на 10-12 ученици по предмет.

Надвор од училницата 

Креативните и Активните делови од CAS програмата вклучуваат широк обем на активности предводени од ученици, како печење, блогирање, импровизирање со Акапела група, изведби во градските институции со СОК Роберт Бош жичниот ансамбл, дебата, меѓународно веганско готвење, формално танцување и Боливуд танцување, Јога и Таеквондо.

Колеџот соработува со 26 институции и организации во градот, вклучувајќи градинки, училишта, кампови за бегалци, социјални служби за бездомници и еколошки институции. Еднаш неделно, наместо да одат на предавање, учениците учествуваат во еден од овие проекти.

Два пати годишно за време на Проектна недела, учениците учествуваат во проектите кои што се врзани за некоја едукативна цел и можат да се состојат од социјални служби, физички активности, уметност или креативност.

Четири пати годишно, Колеџот ги паузира сите часови и организира Специјални Фокус-Денови (Special Focus Days) за сите членови на заедницата на СОК Роберт Бош. Овие денови вклучуваат презентации, работилници и говори на одредена тема, како на пример: Дијалог помеѓу различни вери, Правда и Неправда или Одржливост.

Интегрирани во програмата се и сесиите за Светски прашања, кои разгледуваат важни прашања во денешницата – од политика до религија, економија, општествени студии или културни трендови – често вклучувајќи познати говорници.

На крај, кампусот функционира како општество: секој ученик е поттикнат да избере област од интерес во Колеџот и да придонесе во нејзиното одржување, вклучувајќи ја библиотеката, градината, или канцеларијата за комуникации. Наоѓајќи начини да се помогне и да се придонесе во заедницата е само уште еден начин за општествен ангажман.

Кампус 

СОК Роберт Бош се наоѓа во објект на стар манастир, кој што е реновиран и делумно изграден одново од Фондацијата Роберт Бош. Училниците, како и библиотеката, просториите за уметност, фитнес собите и лабораториите се наоѓаат во старата зграда која што постои уште од 1850-та година. Последниот кат дополнително служи како работно место за вработените и како училници, канцеларии, тивки простории, каде што се одвиваат сесиита на јога и медитација и каде што учениците можат да се молат во приватност.

Картаус е окружен со овоштарници, зеленило и историската градина на манастирот, која што е одржувана од учениците и вработените на органски начин. Постоејќи од 1340 година градината е првично востановена од Картузијанските монаси. Денес градината е длабоко поврзана со мисијата за одржливост на Колеџот и се смета како „зелената училница” на Колеџот.

Зад стариот манастир, во нов објект, може да се најде мензата, и аудиторимот на Колеџот. Мензата е раководена од невладина организација наречена „Dreisamwerke” која што фунцкионира на инклузивна база и вработува луѓе со попречености. Секој ученик помага во кујнските обврски на база на ротација. 

Ученичкото село се наоѓа наспроти Картаус и е изградено со намера да е контрастно на историската зграда. Осум ученички домови во форма на коцки и четири куќи за вработените го сочинуваат „селото”. Секоја куќа нуди различна перспектива на својата околина, одсликување на внатрешната разноликост: 24 ученици делат една куќа, по четири ученици во секоја соба. Куќите се на три ката, имаат заедничка соба со кујна која ја делат сите, како и два резиденцијални ката секој со по еден тоалет. Сите куќи се изградени по високите стандарди во Фрајбург за енергетска ефикасност.

Локација 

СОК Роберт Бош Колеџот се наоѓа во Фрајбург Германија, на крајот на Црната Шума, 30 минути од границите со Франција и Швајцарија.

Упис
 

Учениците аплицираат преку нивниот СОК национален комитет. Од 2014 година, Колеџот нуди две дополнителни стипендии за ученици бегалци. За повеќе информации посетете ја веб страната на Колеџот.

You have not allowed cookies and this content may contain cookies.

If you would like to view this content please

Контакт детали


UWC Robert Bosch College
Kartäuserstraße 119
79104 Freiburg

17 Колеџите
ширум светот