Премини на содржината ↓
map

Нордиски СОК нa Црвениот Крст

Флеќе, Норвешка

205 ученици
16-20 години

Основано

1995

3 March 2017

Нордискиот СОК нa Црвениот крст има три столба: нордиски, хуманитарен и еколошки. Сите нордиски земји придонесуваат за финансирање на колеџот. Колеџот е фондација во која што Црвениот крст во Норвешка и Sogn & Fjordane се дел од основачите. Како дел од програмата за креативност, активност и служба (CAS), студентите добиваат диплома за Црвен крст. На кампусот, спортски објекти се делат со Центарот за рехабилитација на Црвениот крст Хаугленд, кој е близок партнер за соработка.

Три уникатни карактеристики

  • Јавно финансирање - Јавното финансирање од нордиските земји му овозможуваат на колеџот да изврши селекција целосно базирана на заслуга и потенцијал, создавајќи средина за учење каде разновидноста е вредност за сите.
  • Програмата луѓе кои преживеале конфликти - Програмата, која работи заедно со норвешкиот центарот за рехабилитација на норвешкиот црвен крст и Хаугленд, им овозможува на младите луѓе со посебни потреби да доаѓаат од конфликтни зони за да присуствуваат на овој колеџ. Целта е учесниците кога се вратат во нивните земји да дејствуваат како информирани и активни членови на општеството.
  •  Програма за градење на основа - Оваа програма се нуди на  се нуди на ученици кои пристигнуваат со нарушено образование и лимитирана компетентност во англискиот јазик. Претставува неопходен предуслов за вклучување на учениците од маргинализирани позадини. Главните цели се да се изгради доверба, да се негува учеството во нашата разновидна студентска заедница и да се подготват студентите за барањата на двегодишната дипломска програма за IB..
Во училницата
 

Нордискиот СОК на Црвениот крст ја нуди IB програмата за Меѓународната Матура (IBDP). Заедно со стандардни курсеви, колеџот нуди дански, норвешки, шведски, глобална политика, научен проект, театарски уметности. Покрај тоа, учениците од прва година присуствуваат на неделни сесии во програмата за животни вештини на Црвениот крст, истражувајќи и развивајќи го нивното запознавање со теми поврзани со вредностите на Црвениот крст и нордиските, хуманитарните и еколошките столбови на колеџот.

Надвор од училницата
 

Вон-наставната програма се фокусира на три столба: нордиски, хуманитарен и еколошки. Таа има силен акцент на услугата во заедницата со широк спектар на културни активности и активности на отворено. Ова може да биде во форма на: неформални активности, вон-академски обврски, недели на учење врз основа на проекти, Frilufsveke - недела за скијање, специјални настани и програми, глобални грижи, културни денови, одговорности на кампусот, служба во заедницата (на пример сите ученици од една генерација прават неделна услуга како клучна компонента на нивната програма за служба; Хаугленд рехабилитација служба; студентски организации). Колеџот работи на активности за керамика и плетење, и ги поддржува активностите за сликарство во Центарот за рехабилитација на Хаугленд. Прекрасниот фјордски пејзаж обезбедува одличен амбиент за активности во вода и на планина. Како ученик во прва година, можеш да бидеш обучен да станеш лидер на активностите на отворено, со цел да ја ставите компетентноста во практика во вашата втората година. Ridderrennet е годишен меѓународен натпревар за скијање за лица со посебни потреби, каде што учениците се праќани како учесници и како волонтери.

Летни школи 

Овој СОК води подготвителен летен курс пред академската година на новите ученици со ограничено знаење на англиски јазик, за да им помогне да ги ориентираат кон нивната нова средина, да им дадат мрежа за поддршка и да ги запознаат со животот во СОК.

Кампус
 

Колеџот располага со 5 студентски домови, секој со по 40 студенти. Собите имаат по 5 ученици, опремени се во традиционален норвешки стил и секој има своја бања. Место за перење на алишта се наоѓа во средината на Студентското село. Помладата компанија на колеџот, UWC Connect, е одговорна за сместување на надворешни гости во колеџот во двете куќи на кампусот изградени со цел посетителите да можат да имаат корист од оваа разновидна околина. Постои добар пристап до базен во центарот Хаугленд, како и соба за тренинг и фитнес сала.

Локација
 

Колеџот се наоѓа во прекрасен пејзаж на норвешкото Западно крајбрежје. Потребни се 40 минути до  Фроде аеродромот во Брингленд и 3 часа до меѓународниот аеродром во Берген.

Упис
 

Учениците може да аплицираат преку нивните национални комитети или преку Глобалната програма за селекција на СОК. Дополнително, постои специјален процес на селекција на Програмата за луѓе кои преживеале конфликт. За повеќе информации за Северниот СОК на црвениот крст, посетете ја веб страницата

You have not allowed cookies and this content may contain cookies.

If you would like to view this content please

Контакт детали


UWC Red Cross Nordic
6968 Flekke,
Norway

17 Колеџите
ширум светот