Премини на содржината ↓
map

СОК Чангшу Кина

Чангшу, Кина

560 ученици
15-18 години

Основано

2015

3 March 2017

СОК Чангшу Кина беше основано во 2015-та година како првиот СОК во Кина на иницијативата на поранешен ученик на СОК, Марк Џиапенг Ванг. Од отварањето, колеџот има многу пораснато, и денес има 443 ученици. СОК Чангшу Кина нуди образование во 10-то, 11-то, и 12-то одделение, со тоа што повеќето интернационални ученици се присутни во последните две години. 

Три уникатни карактеристики

  • Кинеска култура - Секој ученик е обврзан да земе барем еден кинески предмет, како јазик, литература или култура, со што се создава динамична околина на Мандарински и богат кинески културен контекст кој му помага на учењето. Во меѓувреме, Џи Шинг (“Zhi Xing") програмата - “учење преку работа“ - дозволува истражување на кинеската култура преку интеракција со локалната заедница.
  • Лидерство на млади - Многу од Џи Шинг активностите се предводени од ученици, кои го користат нивното знаење и искуство да им помогнат на нивните соученици да успеат, со тоа што се поставуваат како позитивни примери додека се предизвикуваат самите себе. 
  • Заштита на околината - Учениците учествуваат во активности како рециклирање, органска агрикултура и заштита на водени средини, со што имаат позитивен импакт на локалната заедница. 
     
Во училницата 

СОК Чангшу Кина ја нуди Меѓународната матура (IBDP), како и програма за ученици од 10-то одделение, како подготовка за IBDP програмата. 

Програмата за 10-то одделение цели да ги научи учениците потребните вештини и знаење за успешен влез во Меѓународната матура. 

Во курикулумот на Маѓународната матура, заедно со стандардните предмети, СОК Чангшу нуди вовед во Кинески (за интернационалните ученици), географија, економија, филозофија, историја, биологија, технологија на дизајн, климатски системи и општества, музика, кинески студии, театар, визуелна уметност, шпански, француски и германски. 

Надвор од училиницата
 

СОК Чангшу Кина ја преименува програмата за Креативност, Акција и Сервис (КАС) во “Џи Шинг“, што значи “учење преку дејствување“. Програмата овозможува истражување на кинеската култура во колеџот и пошироката заедница. Многу од активности, како кинеска уметност, калиграфија,  или кинески музички инструменти, имаат директен фокус на кинеската култура, што им дозволува на интернационалните ученици холистично да ја разберат локалната култура. Таквите активности исто така им дозволуваат на кинеските ученици да ја истражат и сопствената позадина. Други активности, како волонтирање во локални домови за стари луѓе, училиште и центри за заедницата, ги вклучуваат во образованието и локалната кинеска култура, луѓе и околина. 

Проектните недели се бесценети можности за учење, што им дозволуваат на учениците да дејствуваат врз нивните СОК вредности. Еднаш годишно, учениците истражуваат подалечен предел на Кина. Професорите предводат група на ученици во помалку развиени региони за да учестуваат во недела за да помогнат на заедницата. Учениците комуницираат со заедницата преку предавања и помош. Овие патувања им ги покажуваат различните нивоа на економски развој во Кина на сите ученици. 
 

Кампус
 

Дизајниран од Мо Пинг, кампусот од скоро 10 хектари е изграден на остров на северозападната страна на езерото Кунченг. Архитектонскиот дизајн потсеќа на јужно кинеско село блиску до вода, каде поврзаностите помеѓу различните делови се лесни и непречени. Кампусот е изграден со голем број напредни технологии кои ја зголемуваат одржливоста и минимизираат импактот на околината, како геотермален систем на греење, соларни панели на покривите, хибридни соларни панели и улични светилки со ветерници. Кампусот вклучува центар за уметност, центар за благосостојба на учениците, внатрешни атлетски објекти, терен за трчање, базен, простор за јога и танц, надворешно игралиште, терен за кошарка, терен за фудбал, центар за наука, технологија, и математика, центар за конференции, домови за учениците и професорите, кафетерија и библиотека. 

Локација
 

Чангшу е град во провинцијата Џиангсу, на некои 110 километри западно од Шангај, во срцето на делтата на реката Јангце. 

Упис
 

Учениците аплицираат преку нивните национални комитети. За повеќе информации за СОК Чангшу Кина, посетете ја веб страната.

 

 

You have not allowed cookies and this content may contain cookies.

If you would like to view this content please

 

Контакт детали


UWC Changshu China,
No. 88 Kun-Cheng-Hu-Xi Road,
Changshu,
Jiangsu,
China 215500

17 Колеџите
ширум светот