Премини на содржината ↓
map

СОК на Југоисточна Азија

Сингапур

5,500 ученици
4-18 години

Основано

1971

3 March 2017

Отворено во 1971 како меѓународно училиште „Сингапур“ од тогашниот премиер Ли Куан Ју, Светскиот обединет колеџ на Југоисточна Азија прерасна во целосен член на СОК движењето во 1975. Колеџот се простира на два кампуса: кампусот „Довер“, првично средно училиште кое во деведесеттите ги отвора своите врати и кон ученици од најрана, четри-годишна возраст, и „Источниот кампус“ отворен за да ги задоволи потребите на уште 2500 ученици од СОК заедницата.

Три уникатни карактеристики 

  • Разноликост – наставната програма на СОК на Југоисточна Азија ги воведува сите ученици во мисијата и вредностите на СОК. Сите ученици се избрани со цел да се постигне и  одржува разноликоста на колеџот. Факторите врз основа на кои се бираат учениците вклучуваат аспекти како нивните култури и животни искуства. Уште од четри годишна возраст, програмата на СОК на Југоисточна Азија обезбедуваат идеална платформа за развој на меѓукултурно и меѓусебно разбирање.
  • Динамична локација – градот-држава Сингапур, со својата мала големина и централна позиција како регионален азиски хаб, им дава можност на учениците на овој колеџ да станат составен дел од сингапурското општество, а во исто време да се поврзат и со заедниците на соседните земји.
  • Голема ученичка заедница – големината на колеџот им дава можност на учениците да учествуваат во најразлични активности како дел од едно сеопфатно СОК образование, проширувајќи ја академската програма кон социјални активности, настава во природа, лично и општествено образование.
Во училницата
 

СОК на југоисточна Азија има развиено академска програма која се базира на К-12 системот. Програмата за секој предмет е направена според стандарди кои ги идентификуваат клучните концепти со цел да се прилагоди програмата кон потребите на секој ученик. Овие стандарди се применети на начин согласен со возраста во сите одделенија, а програмата постепено се надоградува во комплексноста како што учениците растат.

Колеџот исто така, за време на последните две години од средното образование ја нуди Меѓународната Матура (IBDP) . Покрај стандардните предмети, СОК на Југоисточна Азија нуди Холандски, Хинди, Индонезиски, Јапонски, Корејски, Кинески и Руски како јазични опции и Технологија на дизајн, компјутерска филозофија, спорт и здравствено образование, танц, филм, музика, визуелни уметности и театар

Надвор од училницата
 

Во училишната година 2015/16 на учениците им беа понудени вкупно 1872 различни активности. Овие активности вклучуваа 132 можности од сферата на визуелните и изведувачките уметности, 1172 различни спортски и фитнес активности, 106 можности за развој на лидерски способности, 246 клубови за посебни интереси и 216 дополнителни активности.

Исто така, колеџот спроведе 349 различни патувања во 32 земји низ целиот свет. Учениците беа вклучени и во бројни активности од социјален карактер на кампусите, во заедницата на Сингапур и како дел од „Global Concerns“, кои се во партнерство со grassroots невладини организации во земји надвор од Сингапур.

Летни школи
 

„Иницијативата за мир“ (Initiative for Peace (IfP)) е основана во 2001 од страна на група ученици и вработени со цел да се промовира мир во различни глобални, национални и регионални конфликти. Годишните конференции (одржани во Сингапур, Тимор Лесте и Тајланд) следуваат по година помината во подготовки на ученици од трета година во средното училиште. Учениците на двата кампуса на СОК Југоисточна Азија се здобиваат со тренинг од специјалисти во полето на јавна администрација, преговори и решавање на конфликти и историски перспективи. Се’ ова е со цел да се спроведат настани за млади лидери од земјата-домаќин на конференцијата.

Кампус
 

Кампусот „Довер“ е отворен во постоечкото „St John’s Armу“ училиште во 1971 и дел од него се многу стари дрвја и големи отворени површини. Во јануари 2017 завршува проектот за обнова на кампусот, но и покрај трансформацијата „Тент Плаза“ останува социјалниот центар на кампусот. На овој кампус се наоѓаат две студентски резиденции – „Курт Хан“ и „Нелсон Мандела“ кои преставуваат дом далеку од дома за 192 ученици од средното училиште.

„Источниот кампус“ е отворен во август 2011 и изграден е во склоп со критериуми за зашитата на околината, вредност по која што е препознатливо СОК движењето. Овој кампус поставува глобални стандарди во дизајн на училишта, иновација, пристапност и влијанија врз животната околина. „Тампинс“ е повеќекатна студентска резиденција со поглед на кампусот во којашто живеат 160 ученици од средното училиште.

Локација
 

Кампусот „Довер“ зафаќа 11 хектари во Клементи, област западно од централниот бизнис дистрикт и веднаш до Националниот универзитет на Сингапур. „Источниот кампус“ пак е сместен на 5.5 хектари во Тампинс, во близина на аеродромот Чанги.  

Упис 

Повеќето ученици се избрани директно од колеџот, земајќи ги предвид критериумите поставени од СОК коишто наложуваат учениците да бидат посветени кон мисијата на СОК и нејзините вредности. Учениците со стипендии се најчесто избрани преку системот на национални комитети на СОК. Најголемиот дел од нив се приклучуваат во последните две години на средното образование кон „International Baccalaureate“ програмата. За повеќе информации за СОК на Југоисточна Азија, посетете ја веб страната.

You have not allowed cookies and this content may contain cookies.

If you would like to view this content please

Контакт детали


Dover Campus
1207 Dover Road,
Singapore 139654
East Campus
1 Tampines
Street 73,
Singapore 528704

17 Колеџите
ширум светот