Премини на содржината ↓
map

Ватерфорд Камлаба СОК на јужна Африка

Мбабане, Свазиленд

600 ученици,

11 до 20 години

Основано

1963

3 March 2017

Ватерфорд Камлаба СОК на јужна Африка беше основано во 1963-та година како одговор на поделените и нееднакви образовни системи во Јужноафриканската Република. Имотот на кој беше изградено училиштето беше наречено "Ватерфорд Парк“. Кога Неговото Височество Кралот Собуза II, поранешниот Нгвенјама (Крал) на Свазиленд, го посети училиштето во 1967, му го даде името “Камлаба“, што значи “на светот“, како покана за различните националности во училиштето, и како потсетник дека во него нема разлики како раса и религија. За разлика од другите колеџи, академската година во Ватерфорд Камлаба (ВК) колеџот трае од Јануари до Ноември. 

Три уникатни карактеристики

  • Силни врски со локалната заедница - Училиштето, преку работа во заедницата, има силни врски со локални организации како камп за бегалци и центри за социјална заштита на деца. 
  • Ватерфорд Камлаба е единствениот СОК во Африка, што му дава уникатна позиција како амбасадор на идеалите и мисијата на СОК на континентот, и заради што има едуцирано голема група на Африкански лидери уште од почетокот на училиштето. 
  • Првото мулти-расно училиште во јужна Африка - Ватерфорд Камлаба беше основано како директен одговор на Јужноафриканскиот систем на апартхајд, кој налагаше расна сегрегација и не дозволуваше мешано училиште. Историјата на прифаќање на различностите во Африка и пошироко е длабоко вкоренета во идеалите на Ватерфорд Камлаба и продолжува да биде јадрото на нивните вредности денес. 
     
Во училницата
 

Ватерфорд Камлаба нуди три образовни програми: нивниот сопствен курикулум во јуниорското училиште, што се состои од 11 до 14-годишни ученици; Интернационалниот Генерален Сертификат за средно образование на Универзитетот Кембриџ (IGCSE), наменето за ученици од 14 до 16-годишна возраст; и Меѓународната Матура (IBDP) ученици помеѓу 16 и 20 години.

Во Меѓународната Матура, освен стандардните предмети, училиштето нуди и СиСвати, Француски, Шпански, Антропологија, Психологија, Бизнис менаџмент, Музика и Театар.

Надвор од училницата
 

Ватерфорд Камлбаба нуди разнолики спортски активности, вклучувајќи алтетика, бадминтон, кошарка, крикет, хокеј, одбојка, рагби, фудбал, скваш, пливање и тенис. Рекреациски активности вклучуваат кампување, јавање коњи, кајакарство, и крос-кантри трчање. Најразлични уметнички клубови (вклучувајќи драма и музика) се предводени и од ученици и од вработените професори. Од 1979, посветеност на помош на локалната заедница е формално прифатена како незаменлив дел од училишната политика, организација и живот. Регуларна, двочасовна работа на проект за сервис се очекува од сите ученици, и проектите варираат, вклучувајќи работа во болница или со луѓе со попречености, предавање во локални училишта и градинки, и програми за заштита на околината. 

Кампус 

“Екулкулени“ (место за раст) е резиденција во која живеат 80 ученици од трите образовни програми. Во “Есивени“ (место за луѓето на нацијата“ живеат до 110 од најстарите ученици. Во “Емлабени“ (место за луѓе на светот) и “Елангени“ (место за изгрејсонцето) собира 130 и 68 ученици во Меѓународната матура, во сопствени и мешани соби, со поделба меѓу половите, дневна соба, компјутерски центар, соба за телевизија и кујна. Секој ден, има еден тутор и една туторка во секоја резиденција. Кампусот има извонредни спортски, уметнички и училишни објекти.  

Локација
 

Ватерфорд Камлаба се наоѓа на врвот на планина во Сидвашини, на некои 10-15 минути возење од главниот град Мбабане. Кампусот вклучува неверојатна мешавина на локална флора и фауна. Пешачки патеки до врвот овозможуваат прекрасен поглед на пејзажите на Свазиленд. 

Упис 

Учениците аплицираат преку нивните национални комитети или преку Глобалната Програма за Селекција на СОК. Директни апликации во Ватерфорд Камлаба СОК се исто така возможни. За повеќе информации за колеџот, посетете ја веб страната.

Контакт детали


Waterford Kamhlaba UWCSA
P.O. Box 52
Mbabane H100, Swaziland

17 Колеџите
ширум светот