Премини на содржината ↓
map

Пирсон UWC на Пацификот

Викторија, Канада

200 ученици,

16-19 години

Основан

1974

3 March 2017

Pearson College UWC is Canada’s most globally-minded school. It draws accomplished young leaders and changemakers from up to 160 countries and every province and territory of Canada. As a two-year, pre-university curriculum, Pearson offers both the International Baccalaureate Diploma Programme (IBDP) pathway and, pending approval, beginning in 2022-23, a Climate Action Leadership Diploma (International Baccalaureate Career-related Programme, IBCP) pathway. Both feature a strong emphasis on experiential education at the residential campus along the Salish Sea Bay at the southern tip of Vancouver Island.

Три уникатни карактеристики 

  • Лестер БПирсон – Пирсон UWC колеџот е креиран во чест на наследството на лауреатот на Нобеловата награда за мир, Лестер Б. Пирсон, поранешен премиер на Канада, чија што визија за мир и глобална соработка ги инспирирала основачите на ова училиште. Лестер Б. Пирсон во 1957 година добива признание за неговата визија  за создавање на првите меѓународни мировни сили на Обединетите Нации.
  • Уникатна географска и душевна средина – Сместен во средината на западниот брег на Канада, на традиционалната територијата на староседелската нација Scia’new, кампусот е пошумен, а умеренета прбрежна локација ги охрабрува учениците да се соочуваат со предизвикувачки сознанија од академска и животна перспектива преку настљава и во модерните училници и надвор за време на целата година.
  • Еколошки Резерват – UWC Пирсон има улога на еко чувар на светски познатиот еколошки резерват “Race Rocks“. Учениците учат во резерватот низ предметите од областа на морските науки, нуркањето и волонтирањето.
Во училницата 

UWC Пирсон ја нуди Меѓународната Матура. Покрај стандардните предмети, колеџот нуди и филозофија, морска наука, француски јазик, шпански јазик, визуелна уметност и театар.

Надвор од училницата
 

Во UWC Пирсон, учениците учат преку работа, најмногу преку програмата КАС (Креативност, Активност, Служба). За да дипломираат, од учениците се очекува да завршат 80 часа служба во двете години, најчесто во нивната домашна средина.

Еднаш во секое полугодие, учениците планираат, дизајнираат и спроведуваат индивидуални или мали групни проекти. 

Учениците споделуваат музика, танцови и приказни од нивните држави како и од нивното меѓународно искуство на годишниот One World настан во заедницата.  Тие исто така учествуваат во редовните случувања во заедницата, како што се Global Affairs, Специјални тематски денови, Регионални денови, Селски собиранки и можат да волонтираат на тимот за Брза помош на кампусот.

Од учениците се очекува периодична работа како членови на тимот во кујната, како и нивен придонес во рециклирање на отпадот, библиотекарската служба и други разни служби во кампусот, како дел од нивната работа на кампусот. Тие исто така имаат шанса да водат неделни фитнес активности. 

Летни школи
 

Секое лето, кампусот спојува млади луѓе од целиот свет за Семинарот за младинско лидерство: тринеделен UWC настан кој што им дава прилика да изградат меѓународна заедница која е посветена на позитивна промена во светот создадена со превземање ризикот во учењето и лидерството.

Кампус
 

Учениците, како и сите други членови на Колеџот и нивите семејства, живеат заедно во кампусот. Учениците се распоредени во пет студентски домови кои што имаат капацитет од 40 ученици, со 4 ученици по соба, како и апартман за Родител на куќата.Објектите се изградени во модерниот стил на Западниот брег, со што ја рефлектираат и почитуваат природната средина. Во објектите има и хала за јадење покрај водниот брег, модерни лаборатории за наука, училници, театар со 300 места, мала хала за предавања, центар за визуелни уметности, центар за образование/библиотека и спиритуален центар.

Уникатните архитектонски карактеристики, вклучуваат пловечки центар за морски науки во заливот, кој е опремен со морски еколошки систем како и опсерваторија поставена на врвот на ридот за учење астрономија и откривање на ноќното небо. Учениците исто така учествуваат во истражувањата над и под вода во блискиот еколошки реезрват “Race Rocks“. На кампусот има неколку објекти за рекреација, вклучувајќи затворен базен од 25 метри, соба за вежбање, терени за тенис, кошарка, одбојка и фудбал, како и заедничка соба за сите ученици и бројни патеки за возење велосипед и пешачење кои што започнуваат од кампусот.

Локација 

Кампусот се наоѓа во близина на прекрасната пошумена средина на Pedder Bay, близу јужниот крај на островот Ванкувер на западниот брег на Канада, околу 30 километри југозападно од Британска Колумбија.

Упис 

Учениците аплицираат преку нивните Национални комитети или преку Глобалната програма за селекција на UWC. Единствени исклучоци се апликанти кои се бегалци или немаат државјанство и слични уникатни случаи. За повеќе информации за UWC Пирсон, проверете ја нивната веб страна.

You have not allowed cookies and this content may contain cookies.

If you would like to view this content please

Контакт детали


Pearson College UWC
650 Pearson College Drive
V9C 4H7 Victoria
Canada

18 Колеџите
ширум светот