Премини на содржината ↓

Академскиот живот

 

“Сметам дека најважната задача на едукацијата е да се осигура опстанокот на следниве квалитети: претприемничка љубопитност, непобедлив дух, издржливост во потрагата, подготвеност за разумно самоодрекување и, пред се, сочуство.”

Kurt Hahn, Founder of  UWC 

СОК е глобална образовна организација која едуцира повеќе од девет илјади ученици од повеќе од 155 држави секоја година. Скоро четири илјади од овие ученици ја завршуваат меѓународната матура (“International Baccalaureate Diploma Program (IB)"), најпризнатата средношколска академска програма за ученици на возраст од 16 до 19 години. 

Додека IB наставата е во јадрото на академскиот живот во секој СОК, СОК едукацијата ги надминува сите барања на академската програма. Со намерно-разновидна група на ученици и наставници во секој СОК - со членови од многу различни национални, социоекономски, културни, лингвистички, политички и образовни позадини - СОК  разбира дека наставната програма мора да дозволи ист број на интерпретации и мислења колку што и има ученици во училиштето, за учениците да можат автентично да ја претстават нивната историја и перспектива. Формалната IB настава е затоа надополнета со сесии за глобални проблеми и други активности кои поттикнуваат критичка мисла и храбар ангажман со предизвиците на денешниот свет.

Меѓународна матура (International Baccalaureate)

Организацијата на меѓународната програма (International Baccalaurate Organization - IBO) е основана во 1968. уште од почетокот, организацијата се потпира на критиките и колаборацијата на СОК базирана на искуството на СОК со произведување прогресивно, интеркултурно образование со акцент на учење преку искуство. Врските помеѓу двете организации се до ден денес блиски.

По 6 години пилот програма воведена во различни училишта, вклучувајќи во и СОК на Атлантикот во Велс, IB програмата беше официјално основана во 1975. Програми за основно училише и подоцнежни кариери беа развиени во последните две децении. Сите IB програми целат да ги “охрабрат учениците низ целиот свет да бидат активни, сочувствителни и животни ученици кои разбираат дека други луѓе, заедно со нивните разлики, можат исто така да бидат во право.“

Различните програми имаат станато многу попопуларни заради репутацијата на организацијата како “златниот стандард“ за интернационално образование, особено со IB програмата. Денес, постојат пет илјади училишта кои едуциират 1.3 милиони ученици низ светот.

Кои предмети мождат да бидат изучувани во IB програмата?

IB учениците бираат еден пред од секоја од следниве 6 категории: 

1. Јазик и литература

2. Стекнување на јазик

3. Индивидуи и општества

4. Науки

5. Математика 

6. Уметност (наместо предмет од уметностите, учениците можат да решат да учат уште еден предмет од втората, третата или четвртата група) 

Учениците обично изучуваат три предмети на стандардно ниво и три предмети на високо ниво, за кои постои очекување дека ќе демонстрираат подлабоко знаење, разбирање и способности. Специфичните предмети кои се понудени во секоја група варираат помеѓу секое СОК, и често се рефлекција на географската локација и фокусот на училиштето. 

Освен предметите од 6-те категории, учениците исто така ги завршуваат трите делови од IB наставата кои се централни на филозофијата на програмата. Тие се: 

  1. Продолжен Есеј (Extended Essay - EE): Учениците истражуваат тема која особено ги интересира и развиваат способности за независно истражување и пишување на универзитетско ниво. Есејот е обично напишан за еден од 6-те предмети и не смее да биде подолг од 4000 збора. Учениците се поддржани од академски ментор во текот на целиот процес на истражување и пишување. 
  2. Теорија на знаење: Овој курс ги охрабрува учениците длабоко да размислуваат за концептот на знаење, за како вистински “знаеме“ тоа што мислиме. Kурсот е оценуван на база на орална презентација и есеј од 1600 збора. 

  3. Креативност, Активност, Сервис (КАС): Превземањето одговорност, развивањето социјални, креативни и спортски способности, заедно со учењето како да се пристапи на други луѓе со сочувство се активности во срцето на програмата. Учениците се ангажираат со различни проекти кои целат да им помогнат да ги развијат овие способности, додека во исто време имаат активна интеракција со нивната локална заедница.  

Комбинацијата на овие елементи им овозможува на учениците да го развијат нивниот капацитет за анализа и евалуација на информација, ефективна комуникација на нивните идеи и развитокот на убедливи аргументи, што ги подготвува за подоцнежни универзитетски студии. Исто така, учениците имаат шанса да го комбинираат нивното културно познавање во наставната програма, со што стануваат посвесни за себеси како мислители и се уште поповрзани со нивните врсници. 

Помлади ученици

СОК училиштата (кои се разликуваат од СОК колеџите) исто така примаат ученици во пониски години, опфаќајќи возрасти од 18 месеци до 15 години. СОК Мастрихт, СОК Југоисточна Азија, СОК Тајланд и СОК Ватерфорд-Камхлаба во Јужна Африка сите имаат помлади ученици на нивните кампуси кои изучуваат различни наставни програми. 

Како и со IB учениците, веруваме дека најдобриот начин да ги подготвиме нашите ученици од градинка или основно училиште е преку широко, холистичко образованиа, со искуство во служба на заедницата, уметност и училишни проекти -- сите во рамката на искуствениот образовен модел на СОК. СОК верува дека помладите ученици го имаат истиот капацитет да прифатат образование преку искуство како и нашите IB ученици, и наставната програма им дава можности да прашуваат, истражуваат, креираат, ангажираат, и длабоко размислуваат, со тоа развивајќи социјални, емоционални и креативни способности.