Премини на содржината ↓

Курт Хан

1 July 2021

Основач на UWC

Курт Хан е еден од највлијателните мислители во меѓународното образование во 20-тиот век. Тој бил роден во 1886-та во Германија каде и одел на училиште додека не бил примен на Оксфорд, пред Првата светска војна да го врати во Германија. Неговиот интерес во образованието се кристализира заради уништувањето кое го гледа за време на војната, па со поддршката на Принцот Макс фон Баден (последниот канцелар на царска Германија) тој го основа Училиштето Салем во Германија во 1920-та. Идеалите се базирани во почит за индивидуалецот, одговорност кон заедницата, и свесност за важноста на демократијата. Во 1933-та, Хан бега во Велика Британија откако јавно зборува против нацизмот, и го основа Училиштето Гордонстоун во Шкотска, кое следи 4 “столбови“ вредности: меѓународност, предизвик, одговорност и помагање. 

Хан игра клучна улога во започнувањето на Организацијата Outward Bound, и во основањето на UWC движењето со UWC на Атлантикот во 1962-ра. Кога учествувал во Конференцијата на НАТО во 1958-ма, Хан бил инспириран од соработката која ја забележал помеѓу поранешни непријатели за време на Втората светска војна. Сфатил дека доколку млади луѓе од целиот свет учат заедно, тие можат да спречат идни конфликти. UWC движењето се раѓа од оваа верба во моќта на образованието да го смени светот, со мисија да го направи образованието сила која ги спојува луѓето, нациите и културите за мир и одржлива иднина. Во 1962-ра, првиот UWC - Атлантик Колеџ - се отвара во Велс. 

Хан почина во Германија во 1974-та. Британскиот Речник на национална биографија го нарекува “граѓанин на човечноста“. Неговото наследство останува до ден денес едно од најважните во историјата на меѓународното образование. 

 

“Сметам дека најважната задача на образованието е да ги обезбеди следниве квалитети: претприемничка љубопитност, непоразлив дух, издржливост, спремност за разумно самоодрекување, и, над се, вистинско сочувство. ”