Премини на содржината ↓

Чарлс, принцот од Велс

31 March 2017

Поранешен претседател на UWC

Откако ја превзема позицијата на претседател на UWC во 1978-ма од неговиот чичко, Лорд Mаунтбатен, Неговото Кралско Височество Чарлс, Принцот на Велс се бореше за многу хуманитарни каузи и ја подигаше свеста за голем број општествени проблеми. 

Како страствен еколог, Чарлс бил инволвиран во многу напори за подигање свест за глобалните климатски промени. Со основањето на Ројалниот Фонд (Prince's Trust) во 1976-та, тој предводи шеснаесет добротворни организации и е на чело на најголемото добротворно претпријатие во Велика Британија, подигајќи околу 100 милиони фунти годишно. Како претседател на UWC движењето од 1978 до 1995 година, Чарлс го надгледуваше драстичниот раст на движењето до девет училишта низ светот во моментот кога ја отстапи позицијата. Тој беше доста инволвиран во отварањето на UWC САД кампусот во 1982 година. Бидејќи останува активен борејќи се за образовни цели и до ден-денес, придонесот на принцот Чарлс за истакнувањето и растот на движењето се чувствува и понатаму.