Премини на содржината ↓
map

СОК Мостар

Мостар, Босна и Херцеговина

200 ученици
16-19 години

Основано

2006

3 March 2017

СОК Мостар се наоѓа во центарот на Мостар, град кој стана симбол за поделбите како резултат од граѓанската војна во денешна Босна и Херцеговина и поранешните Југословенски држави во деведесетите години. Овој колеџ е единствениот изграден во пост-конфликтна земја со цел да “им овозможи на следните генерации во Босна и Херцеговина знаења, вештини, лидерски квалитети и меѓународни вредности, неопходни за да ги премостат постојаните етнички поделби и да ја придвижат својата земја кон 21от век“.

Три уникатни карактеристики

  • СОК Мостар е првиот СОК со експлицитна цел да придонесе кон реконструкција на постконфликтно општество - Колеџот ги едуцира учениците да ги учат и да ги ценат нивните разлики, истовремено промовирајќи еднаквост, толеранција и критичко размислување.
  • Локална заедница - Интеракцијата на учениците со локалната заедница е суштината на СОК Мостар. Студентите и вработените организираат годишни проекти и настани отворени за заедницата во Мостар и пошироко.
  • Фондацијата за Образование во акција – СОК Мостар беше основано од страна на Фондацијата за Образование во акција, која има за цел да стане референтна точка за образовните реформи во земјата и да обезбеди висококвалитетна обука за наставници со посебен фокус на објективна екстерна проценка, наставни иновации и иновативни методи на учење.
Во училницата 

СОК Мостар ја нуди Дипломската програма на Меѓународната матура (IBDP). Покрај стандардните предмети, колеџот нуди босанска книжевност, хрватска книжевност, антропологија, економија, еколошки системи и општества и визуелни уметности.

Надвор од училницата
 

СОК Мостар често соработува во скоро сите поголеми настани што се случуваат во градот Мостар. Еден од нив е Уличниот уметнички фестивал, преку кој се ангажираат млади луѓе од сите делови на градот во кооперативна уметничка авантура која има за цел да ги врати во живот јавните простори на Мостар, кои сѐ уште не ја обновиле својата поранешна живост и социјална намена.  Годишниот уличен фестивал е можеби најстариот јавен и демонстративен доказ за улогата на колеџот во заживување на градскиот живот во Мостар на начин кој ги обединува талентите на младите од сите заедници во овој поделен град.

СОК Мостар исто така беше пионер на концептот Модел на Обединетите Нации во Мостар и целата земја. Се организира и годишниот Фестивал на Зимска Уметност на СОК Мостар, во кој се прикажани талентите на учениците на разни јавни места низ градот Мостар.

Од 2010 година, Колеџот ја претставува Босна и Херцеговина на Првиот Натпревар по Роботика, кој е посветен на помагање на младите да ја откријат и развијат страста за наука, инженерство, технологија и математика. Тимот на СОК Мостар освои бројни награди.

Летни школи 

СОК Мостар организира краток курс "Бранови за промена" за учениците од Босна и Херцеговина и пошироко. Курсот им нуди шанса на учесниците да разговараат за социјалните промени и ненасилните движења со локални и меѓународни активисти.

Кампус
 

Разновидноста на културите и богатството на обичаите во СОК Мостар е најизразена во резиденциите кои се наоѓаат во западниот и источниот дел на градот. Самата зграда на училиштето се наоѓа во центарот на градот и ги дели просториите со Мостарската гимназија, вклучувајќи научни лаборатории, пространа и светлосна библиотека на таванот и голема соба за настани и состаноци. Достапни се и спортските објекти во самата зграда на Гимназијата и на отворено - вклучувајќи спортска сала, фудбалско / ракометно поле, одбојкарски терен, патека за трчање и скок во далечина. Кабинетот на Колеџот е во близина на академските згради, а студијата за визуелни, театарски и музички уметности се наоѓаат во Мусала, една од студентските резиденции.

Локација
 

СОК Мостар се наоѓа во градот Мостар, во јужна Босна и Херцеговина. Поволната географска локација, близината кон Хрватска и Црна Гора и благата клима го прават Мостар популарна туристичка дестинација. СОК Мостар е единствениот СОК во Југоисточна Европа.

Упис
 

Учениците можат да аплицираат преку нивните национални комитети или преку UWC Глобалната програма за селекција на СОК. За повеќе информации за СОК Мостар, посетете ја нивната веб страна.

You have not allowed cookies and this content may contain cookies.

If you would like to view this content please

Контакт детали


United World College in Mostar
Španski trg 1
88000 Mostar, Bosnia and Herzegovina

17 Колеџите
ширум светот