Премини на содржината ↓

Оливера Каменаровска

20 August 2019

Пирсон СОК на Пацификот, 2019-2021

Здраво! Јас сум Оливера, доаѓам од Скопје и моментално сум втора година во Гимназијата ,,Панче Арсовски". Годинава ќе ми биде прва на Pearson College UWC во Канада и сум пресреќна за исполнувањето на еден од моите најголеми соништа! Освен тоа што сум човек кој ужива во природа и сум физички активна 24/7, навистина сакам моите искуства да ги споделувам со останатите, на начинот на кој јас ги доживувам, проследени со хумор и гласно смеење. Тоа го правам со прикачување на видеа на мојот Јутуб Канал и споделување фотографии од мојот секојдневен живот. Обожавам да гледам и снимам филмови и во иднина се гледам себе си како влијателна личност во филмската индустрија! Дотогаш ви ветувам еден куп видеа од моето искуство во Pearson!

Tagged 2019-2021