Премини на содржината ↓

Теа Мисевска

16 August 2018

СОК Мостар, 2017-2019

Здраво! Јас сум Теа и доаѓам од Куманово. Моментално ја изучувам својата втора година во Светскиот Обединет Колеџ во Мостар, и нема да ве лажам, супер ми оди! Моите топ три страсти се животните (мое куче Хенри е #1), аркитектурата, и екологијата. Кога ќе пораснам сакам да биднам архитект на одржливи зоолошки градини сто се 100%достапни за животни и имаат форма на дом повеќе отколку на затвор. Мислам дека архитектурата на зоолошките градини треба да е обзирна на природата на секое животно со тоа што е дизајнирана според потребите на секое присутно пријателче 🐒.


Во Мостар прв пат се сретнав со предметот Антропологија што ме заинтересира за важноста на почитувањето на културниот контекст, посебно од архитектонски аспект. Скопскиот брyталистички пејсаж оттогаш за мене стана култен видик што се одликува со складност со Македонското културно-македонско поднебје, за жал една одлика станува реткост во сегашниот аркитектонски пејсаж. Една од моите желби е да се прошири автентичното присуство на градбите од овој стил и да се одржува нивно постоење.


Мостар е инакy екстра сончев 24/7 и тоа е една од работите што ме одржува мотивациски за време на тешките студиозни денови. Тоа, и, извонредните луѓе со која сум опкружена секојдневно. Можам да кажам (без сигурност) дека сум психички спремна за престојната академска година! 

Tagged 2017-2019