Премини на содржината ↓

Ивана Буџаровска

16 August 2018

СОК Мостар, 2018-2020

Здраво на сите, овде Ивана! Доаѓам од Скопје и сум трета година во гимназијата ,,Орце Николов’’. Мојата желба да учам на еден од колеџите се зголеми кога бев дел од еден од UWC летните курсеви, па сè уште не можам да поверувам дека сега тоа ќе го правам во следниве две години! Фактот што сум љубител на француската кинематографија 60тите и фотографија од 90тите години на минатиот век, прави секојдневните фотографии со кои го документирам својот живот да бидат смеса од тие периоди. Инаку, обожавател сум и на винтиџ автомобили, километарски реалистични новели и добра музика, а во слободно време интензивно волонтирам и сум најголемиот фан на органска хемија кој го познавате

Tagged 2018-2020